Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) денеска објави дека во изминатите три месеци евакуирале повеќе од 1.000 бегалци од Либија.
“Од ноември УНХЦР евакуираше повеќе од 1.000 високо ранливи бегалци од Либија и побара одржливо решение за нив во трети земји”, соопшти УНХЦР со седиште во Либија.
Во вторникот, со авион од Триполи за Ниамеј во Нигерија отпатувале 128 бегалци, а, ден подоцна 150 заминале за Рим. Тоа се вкупно 1,084 бегалци кои оваа агенција ги евакуираше уште од почетокот на операцијата пред три месеци.
“Се работи за раселени лица на кои им е понудена нова шанса, кои беа притворени во Либија или претрпеа екстремни страдања. До крајот на годината се надеваме дека ќе евакуираме уште илјада други – изјавил Винсент Кохетел, специјален претставник на УНХЦР за медитеранскиот регион.
Само 16.940 места за сместување на бегалци од 15 земји на медитеранската рута, вклучувајќи ги и Либија и Нигерија, се обезбедени досега.
– Ги повикуваме државите да најдат уште повеќе места за одржливи решенија за многу бегалци кои сé уште се во Либија – рече Кохетел.
Извор:(Vijesti / ФЕНА)









