Владата на Малдиви прогласи двонеделна вонредна состојба заради кризата што ја потресе оваа островска нација лоцирана во Индискиот Океан, објави Би-Би-Си. Опозицијата тврди дека ова е очајнички потег и најава за воведување на диктатура.

Државата, позната како луксузно летувалиште со неверојатни песочни плажи и кристално чисто море, влезе во најлошата политичка криза во последниве децении, откако сегашниот претседател одби да ја спроведе одлуката на Врховниот суд.

Владата го суспендираше парламентот, а претседателот Абдула Јаамин одбива да поднесе оставка и да ја спроведе одлуката на Врховниот суд, која вклучува враќање на пратениците кои ќе и дозволат на опозицијата да се врати на власт. Илјадници граѓани излегоа на улиците, додека владата распореди војници околу владините згради.

Претседателот Јамеен одбива да му дозволи на првиот демократски избран претседател на Малдивите Мохамед Нашид да се врати во земјата. Нашид се наоѓа во Шри Ланка и го најави своето враќање. Тој беше поразен на последните избори, но ја обвини владата за поставување на резултатите.

Извор:Klix

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here