Иранската полиција уапси 29 жени во главниот град на оваа земја и тие се обвинети дека се измамени и вовлечени во протести против законот кој налага носење хиџаб.

Жените во Иран протестираа на тој начин што се качуваат на поштенските кутии, отстранувајќи ги шамиите и мавтајќи со нив во знак на протест. Иако жените во Иран се борат со овој закон речиси четири децении, новиот бран протести предизвика многу повеќе внимание.

На една од фотографиите во Мешхад, се гледа како религиозна жена облечена во хиџаб стои на кутијата за пошта и мавта со шамија за поддршка на жените кои, за разлика од неа, не сакаат да носат хиџаб.

Полицијата во Техеран во четвртокот истакна дека кампањата против овој закон е покрената надвор од земјата со нелегални сателитски канали а 29 жени кои, според властите во Иран, “наседнале” на овој повик биле уапсени.

“Ова се случува заради нашиот погрешен пристап, ние воведовме рестрикции за жените и им ставивме непотребна забрана”. Заради тоа протестираат и замавнуваат со стапови на кои се наоѓаат шамии“. изјавил Сохил Јолодаразадех, представник во иранскиот парламент.

Иранската полиција во 2014 година објави дека уапсила, предупредила или испратила на суд 3,6 милиони жени заради лошо носење хиџаб, изјави Масих Алинеџад, ирански новинар кој живее во САД.

Извор:RSA

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here