Финалето на Лигата на шампионите преместено од Русија, во Франција

by Administrator

УЕФА одлучи да го премести финалето на Лигата на шампионите од Санкт Петербург, во Париз, поради руската инвазија на Украина, пренесува AFP.

Финалето ќе се игра на 28 мај на „Стад де Франс“, каде што се играше и во 2006 година кога Барселона го победи Арсенал.

УЕФА исто така додаде дека сите домашни натпревари на украинските и руските клубови и репрезентации кои учествуваат во нејзините натпреварувања, ќе се играат на неутрални терени „до натамошно известување“.


„Informer“
„Dubai-Portal“

You may also like