Турција се смета за татковина на лешникот

by Administrator

Иако  потекнува од Кина, црноморскиот брег на Турција се прикажува како татковина на лешникот. Големиот историчар на античкиот период Херодот во неговото дело „Историја на Херодот“ пишува дека лешникот се одгледува на истокот на Црното Море, а исто така опишува и како се вадело масло од лешникот во античко време. Поради тоа што се среќавале траги на толку древни култури се прифаќа дека Црноморската област во Турција е татковина на лешникот и дека одгледуваниот лешник оттука се проширил низ светот. Денес Турција е светски лидер во производството на лешник.

Лешниците, кои се собираат со голем труд од бавчите, имаат бројни карактеристики коишто делуваат добро на здравјето. Лешникот кој е складиште со магнезиум, ги зајакнува коските и е еден од важните хранливи состојки коишто ја спречуваат остеопорозата, односно ослабувањето и заболувањето на коските. Како складиште со протеин, се препорачува да им се дава на децата секој ден, за здрав раст и развој.

Лешникот кој е богат со вредности на витамин Е, има антиканцерогени и регенеративни својства на клетките. Лешникот кој исто така е корисен за здравјето на мозокот, при негово редовно користење односно консумирање, го зајакнува имунолошкиот систем и ја регулира циркулацијата на крвта; а исто така заштитува од кардиоваскуларни заболувања.

You may also like