Турски бизнисмен преговара за купување на англискиот фудбалски клуб Hull City

by Administrator

Според пишувањата на турскиот медиум „Hurriyet“, истакнатиот турски бизнисмен, Аџун Илкал, преговара за купување на англискиот фудбалски тим Хал Сити.

Иликали не ја крие љубовта кон фудбалот, а во едно интервју изјави дека сон му е да купи англиски фудбалски тим.

„Можам да кажам дека целосно ќе го преземам клубот во период од три или четири недели“, изјави Илкал.

Тој додаде дека гледа светла иднина кога е во прашање овој клуб.

„Сакав да видам како се чувствувам кога одам во клубот Хал. Многу се заљубив во луѓето од Хал. Англичаните, навистина, се многу убави со странците, а тоа многу ми се допаѓа, изјави турскиот бизнисмен.

Животот на Аџун, вели тој, не бил лесен. Но, и покрај сите тешкотии што ги носи животот, тој продолжи да работи напорно и успеа. Тој верува дека неговиот клуб ќе биде многу успешен. Според него, сопственикот на клубот е многу професионален, и направиле многу добар договор.

„Не дојдов овде да заработам пари за Англија. Јас и мојот тим дојдовме само за успех. Нашите души се хранат со успех. Нема ништо поважно од успехот“, рече Илкал.

Бизнисменот Аџун Иличали, кариерата ја започна како спортски новинар. Илкал е турски радиодифузер, претприемач, меѓународен ТВ продуцент и бизнисмен, сопственик на TV8 и TV8.5, турската дигитална платформа Exxen, продукциски компании во повеќе земји, вклучувајќи ги САД, Мексико, Романија, Унгарија, Бразил, Колумбија и Грција. .

Фудбалскиот клуб Хал Сити е професионален фудбалски клуб од Кингстон на Хал, Англија. Моментално настапува во Чемпионшип, второлигаш во англискиот фудбал.

Клубот е основан во 1904 година. Сезона 2008/2009 година, за прв пат во историјата играа во Премиер лигата. Тие влегоа во финалето на ФА Купот во сезоната 2013/2014. Своите натпревари ги играат на стадионот КЦ.


„Dubai-Portal“

You may also like