Топрак Разгратлиоглу стана шампион на Светското првенство Супербајк за сезоната 2021

by Administrator

Турскиот мотоциклист Топрак Разгратлиоглу стана шампион на Светското првенство Супербајк за сезоната 2021.

Разгратлиоглу кој првата трка од последниот дел на сезоната ја заврши на второ место премина во историјата како прв турски мотоциклист кој стана шампион во оваа категорија.

Топрак Разгратлиоглу стана шампион на Светското првенство Супербајк за  сезоната 2021

Првата трка на првенството што се одржа на Меѓународната писта Мандалика во Индонезија која вчера не можеше да се одржи поради силниот дожд, се одржа денеска во 06:15 часот по турско време.

Турскиот национален мотоциклист Топрак Разгратлиоглу кој трката којашто беше возена во 20 круга ја започна од пол позиција, на 18 круга до крајот на трката за прв пат го зазеде првото место.

Топрак Разгратлиоглу стана шампион на Светското првенство Супербајк за  сезоната 2021

Потоа Разгратлиоглу повремено го изгуби првото место пред неговите ривали, но на 12 круга до крајот повторно го зазеде првото место.

Но потоа во последните 7 круга спортистот на Ред Бул Топрак Разгратлиоглу отпадна на третото место. На последните 5 и 4 круга Разгратлиоглу беше на третото место, а во последните два круга повторно го зазеде второто место.

Турскиот мотоциклист Топрак Разгратлиоглу кој последниот круг со тимот на „Pata Yamaha with Brixx WorldSBK“ го започна на второто место, на првата трка во Индонезија карираното црно-бело знаме го помина на второто место и успеа да стане светски шампион.

Министерот за младина и спорт Мхмет Мухаррем Касапоглу на својот профил преку социјалната медија му честита на Топрак Разгратлиоглу за освената шампионска титула на Светското првенство Супербајк за сезоната 2021.


„Trt“

You may also like