Салах: „Би сакал да останам во Ливерпул до последниот ден од мојата кариера“

by Administrator

Мухаммед Салах изјави дека би сакал да ја заврши кариерата како фудбалер на Ливерпул, но додаде дека неговата иднина зависи од клубот.

Египјанецот има уште двегодишен договор, и многу се зборува за негово продолжување. Засега нема конкретни преговори, но Мухаммед сака да продолжи да игра уште многу години во Ливерпул.

„Ако ме прашувате мене, би сакал да останам во Ливерпул до последниот ден од мојата кариера. Но, не можам да кажам многу за тоа (новиот договор), тоа не е во мои раце. Зависи од тоа што сака клубот, не е до мене. Во моментов не можам да се замислам себеси да играм против Ливерпул. Тоа би ме растажило. Но, ќе видиме што носи иднината“, додаде Салах.

Мохамед и соиграчите го очекуваат дерби натпреварот против Манчестер Јунајтед, меч на кој одличниот фудбалер ќе се обиде да ја продолжи извонредната форма.

Ekipa

You may also like