Рама ги предупреди градоначалниците: „Не си играјте со оган, не се мешајте во јавните набавки“

by Administrator

Албанскиот премиер Еди Рама, на денешната средба со градоначалниците на Албанија, им даде до знаење дека не треба да се мешаат во процесите на јавни набавки, а доклоку го прават тоа тие си „играат со оган“, фаворизирајќи некој од учесниците.

Тој додаде дека Социјалистичката партија(ПС) ќе биде поддршка на новата правда за секој што ќе го прекрши законот.

„Најљубезно ве предупредувам да не се мешате во процесите на јавни набавки, да ја злоупотребувате вашата моќ со тоа што ќе го фаворизирате едниот или другиот. Не играјте си со оган што ќе станува сè пожежок, во услови кога новата правда ќе ја има целата поддршка од мене и од ПС против секој што ќе игра со оган“ изјави Рама.

Спомена и бројки поврзани со набавките во општините, каде рече дека во 2020 и 2021 година од 1.275 тендери, 85,5 отсто од нив се проблематични, за што се предупредени од Агенцијата за директни договори, но „за жал дури 52,5 отсто од нив не реагирале”.

Премиерот информираше дека по разрешувањето од функцијата градоначалник на Љушља, Фатос Туше, кој е притворен заради корупција, исто така е исклучен од редовите на ПС, додавајќи дека „партијата не е адвокатска канцеларија за осудени и осомничени”.

„Сите сте мои прјатели и другари, но има линија на разграничување помеѓу партијата и пријателството“ нагласи Рама.

Тој вчера со ултматум и до полицијата на која и даде рок од 100 дена, за како што рече, да се врати во максимална посветеност.

You may also like