По пожарот, природата во турската провинција Османије повторно оживува

by Administrator

Растителниот свет во подрачјето на Османије, јужна Турција, почнува се обновува и повторно да заживува по шумските пожари ова лето, јавува Агенција Анадолија (АА).

Пожарот што започна на 28 јули во подрачјето на Османије беше ставен под контрола четвртиот ден по неговото избувнување, по интензивните акции на противпожарните служби.

Фоторепортерот на АА го забележа будењето на природата уништена во пожарите кои зафатија 15 хектари шумска површина.

Кон крајот на јули и почетокот на август, јужна и југозападна Турција ја зафатија неколку десетици пожари во кои изгореа шума и земјоделски површини.

You may also like