Пакистанскиот премиер ги обвинува САД дека се обидуваат да ја соборат неговата влада

by Administrator

Пакистанскиот премиер Имран Кан обвини неименувана „странска сила“ – што јасно се однесува на Соединетите држави – за финансирање на „заговор“ за соборување на неговата демократски избрана влада. Обраќајќи се на големиот митинг во главниот град Исламабад во неделата, Кан изјавил дека „странска сила“ испратила милиони долари до опозициските партии за да започнат гласање за недоверба против него во парламентот.

Кан, кој формираше коалициска влада по победата на изборите во 2018 година, изјави дека бил предмет на „странски заговор“ чија цел била да ја собори неговата влада и дека „средствата се канализираат во Пакистан од странство“. Во Националното собрание на Пакистан е поднесена иницијатива за недоверба, а дебатите се очекува да започнат следната недела пред гласањето. На опозицијата и треба мнозинство за да го собори Кан, по што новиот премиер би бил избран од парламентот. Претходно, Кан го посети Пекинг во јануари, пркосејќи на повикот на американскиот претседател Џо Бајден за дипломатски бојкот на Зимските олимписки игри.

You may also like