Новинарот кој ја откри тајната средба на Бил Клинтон, пронајден мртов

by Administrator

Американскиот телевизиски новинар Кристофер Сајн, кој ја откри приказната за тајната средба во 2016 година помеѓу Бил Клинтон и тогашната државна обвинителка Лорета Линч, пронајден е мртов, пишува „Sputnik“, пренесува „Dubai-Portal“.

Телото на Сајн, 45, беше пронајдено во саботата во неговиот стан во Хувер, Алабама. Според претставниците на локалната полиција, случајот се истражува како самоубиство.

Новинарот дојде во центарот на вниманието на јавноста кога откри дека Бил Клинтон се сретнал со тогашната јавна обвинителка Лорета Линч на меѓународниот аеродром „Феникс“ во јуни 2016 година, што се совпадна со истрагата спроведена од

Федералното биро за истраги против Хилари Клинтон за користење на приватен сервер за пошта за службени цели додека беше државен секретар.

Лорета Линч тврди дека не разговарала за ниту едно прашање од истрагата со Бил Клинтон.

Истрагата требаше да утврди дали Хилари Клинтон користела приватна, наместо заштитена службена е-пошта, за да добие доверливи информации. Се верува дека тоа е една од причините зошто таа изгуби на претседателските избори од републиканскиот кандидат Доналд Трамп, подоцна, истата година.

Сајн подоцна напиша книга за состанокот помеѓу Клинтон и Лорета Линч, наречена „Тајната на асфалтот“, но тој и неговото семејство добија голем број смртни закани.

„На моето семејство му се заканија непосредно по објавувањето на приказната. Пробиени се и кредитните картички“, рече Сајн.

Сајн ги отфрли тврдењата на Лорета Линч, дека нејзината средба со Клинтон била случајна, сметајќи дека станува збор за договорена средба.

„Знаевме дека се случило нешто што е малку необично. Тоа беше закажана средба. Не беше случајно“, изјави Сајн за „Fox news“, во февруари 2020 година, пред објавувањето на неговата книга, пишува „New York post“.


„Sputnik“

„Dubai-Portal“

You may also like