Манчини: „Македонија е добар тим“

by Administrator

Селекторот на репрезентацијата на Италија, Роберто Манчини смета дека неговите фудбалери добија итересен противник во Македонија во полуфиналето на баражот за пласман на СП во Катар.

„Добивме тешка ждрепка, Македонија е добар тим. Ќе играме за да победиме, но во финалето ќе одиме да играме на гости. Португалија или Турција, исто така се многу силни“, е првата реакција на Манчини по ждрепката.

Победникот од дуелот Италија – Македонија во финалето од баражот во групата Ц ќе игра против подобриот од натпреварот помеѓу Португалија и Турција.


„Sloboden pecat“

You may also like