Ретко на сцената на светската политика се гледа момент кога студена јасност се пробива низ дебелите слоеви на пропагандата. Во овој разговор, кинескиот политичар ја погоди вистинската точка – нарекувајќи ги работите со вистинско име го тенкото целофанско пакување со фрази што ја кријат воената машинерија.
„Убивте повеќе од 70.000 цивили. Треба да пукате, но не во деца и жени. Никој повеќе не верува во вашата пропаганда“, нагласи кинескиот политичар.
Израелскиот офицер, од друга страна, звучи како расипана плоча: истите реплики, истиот рефрен за „заложници“ и „оружје“, додека бројот на цивилни жртви расте до гротескни размери. Човек би рекол дека речениците не доаѓаат од неговата глава, туку директно од прирачник за комуникација во кризни ситуации – напишан некаде во канцеларија каде што климатизацијата работи подобро од морален компас.
Иронијата е што офицерот се покажува немоќен во разговорот, бидејќи секој обид за оправдување изгледа тенок како хартија на дожд. Тој зборува за „неопходноста од војна“, додека кинескиот политичар суво и мирно му ги претставува голите факти: десетици илјади мртви цивили. Броеви што не можат да се сокријат зад фрази.
Да бидеме јасни – тука не зборуваме за „победник во дебата“, туку за морално огледало. Од една страна, некој што ја именува реалноста, од друга страна, некој што ги рецитира лекциите научени од оние што му го переле мозокот со децении.
Ако задачата на офицерот била да го оправда необјаснивото, тогаш неговата мисија не успеала уште во првата реченица. А кинескиот политичар? Тој едноставно потсети дека царот – и покрај униформата и реториката – стои гол.
