Турција изрази сочувство за смртта на 8 лица во експлозија пред џамија во Кабул

by Administrator

Турција изрази сочувство по повод смртоносната експлозија во џамијата во главниот авганистански град Кабул, јавува Агенција Анадолија (АА).

Најмалку осум лица загинаа, а 20 се повредени при експлозија на бомба во близина на влезот во џамијата Ид Гах во Кабул.

„Длабоко сме погодени откако добивме вест дека експлозија на бомба на влезот во џамијата Ид Гах во Кабул за време на погреб однесе животи и повреди голем број луѓе“, се вели во соопштението на Министерство за надворешни работи на Турција.

„Изразуваме сочувство до семејствата на оние што ги загубија животите во овој грозоморен и нехуман напад и им посакуваме брзо закрепнување на повредените, со надеж дека стабилноста и безбедноста во земјата ќе бидат воспоставени што е можно поскоро“, се наведува во соопштението на турското министерство.

Сѐ уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.


„Anadolu Agency“

You may also like