И покрај израелските ограничувања во Ал-Акса: бројни Палестинци џума намаз извршуваа на улиците

by Administrator

Израелските ограничувања за Палестинците продолжија овој петок пред и за време на молитвата џума во џамијата Ал Акса во Ал-Кудс (Ерусалим).

Од почетокот на напад обвинетиот Изарале за геноцид врз Појасот Газа, една недела по ред, израелската полиција воведува строги ограничувања во петокот (џума намаз) спречува десетици илјади верници да дојдат да се молат.

Во Ал Акса, пред 7 октомври, повеќе од десетици илјади верници редовно ја извршуваа петочната молитва, но поради ограничувањата сега присуствуваат само неколку илјади, кои главно се молат на околните улици.

За муслиманите, Ал Акса е третото најважно светилиште, а Евреите тврдат дека порано таму имало два еврејски храма.

Комплексот Ал Акса, кој зафаќа 15 отсто од површината на старото јадро на Ал-Кудс, е под израелска окупација и претставува точка на средба на трите најголеми религии во светот.

Израел го окупираше Источен Ал-Кудс, каде што се наоѓа Ал-Акса, за време на Арапско-израелската војна во 1967 година. Израел го анектираше целиот град во 1980 година, а оваа акција никогаш не беше призната од меѓународната заедница.

You may also like