Ирак: Највисоки приходи од извоз на нафта, во последните 50 години

by Administrator

Ирачкото Министерство за нафта, во март извезе нафта во вредност од 11,07 милијарди долари, што е највисоко ниво во последните 50 години, откако цените на суровата нафта се зголемија по руската инвазија на Украина.

Во соопштението на Министерството се наведува дека извезува 3,244 милиони барели дневно, по просечна цена од над 110 долари во март, со што е постигнат највисок приход од 1972 година.

Според соопштението, од нафтените полиња во централен и јужен Ирак се извезени 99,11 милиони барели сурова нафта, додека од наоѓалиштето Киркук преку пристаништето Џејхан се извезени 1,4 милиони барели.

Министерството минатиот месец објави дека извезело повеќе од 92 милиони барели сурова нафта во февруари, со приходи од над 8 милијарди долари.

Ирак се потпира на приходите од нафта за 95 отсто од својот општ буџет.


„Dubai-Portal“

You may also like