Ердоган упати сочувство по трагичната несреќа на автобусот од Македонија

by Administrator

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази сочувство по трагичната несреќа во Бугарија на автобусот од  Македонија, во која животот го загубија 46 патници, а седуммина беа повредени, пренесува Агенција Анадолија (AA).

„Длабоко се растажив по трагичната несреќа што ја доживеаа во Бугарија нашите браќа и сестри од  Македонија, кои патуваа од Истанбул за Скопје“, напиша Ердоган на Твитер.

„Го молам Алах да има милост за нашите браќа и сестри кои ги загубија животите во оваа трагична несреќа која длабоко ме растажи мене и турскиот народ, како и да им даде трпение на семејствата на жртвите“, додаде тој.

Ердоган, исто така, изрази сочувство до Владата и народот на Република Македонија, а на повредените им посака брзо закрепнување.

You may also like