Поради сторени казнени дела „насилство“ и „спречување на овластени службени лица при вршење на службени дејствија“, синоќа, околу 19:30 часот, приведен е 45-годишниот П.К. од струшкото село Велешта пред казино на улицата „Маршал Тито“ во Струга.
– Претходно, тој влегол во казиното и со заканувачки зборови, од благајникот побарал пари по што, почнал да ги крши апаратите, шанкот и стаклата од влезната врата. Неговиот агресивен однос продолжил и кон полициските службеници кои набрзо пристигнале. Кон нив упатувал серија закани и навреди, фрлал со предмети при што го оштетил предното стакло од полицискиот автомобил. Во еден момент, П.К. ја ставил раката во торбата што ја имал и им се заканал на полициските службеници дека ќе ја активира бомбата што ја носел. Со брза реакција, тој е совладан и лишен од слобода, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор:Ohridpress/ СВР Охрид фото: архива
