ВИДЕО: Навивачите на Легија „го запалија“ стадионот на Лестер, па се тепаа со полицијата

by Administrator

Навивачите на Легија Варшава предизвикаа големи нереди на „Кинг Пауер“ стадионот за време на натпреварот од Лигата на Европа помеѓу Лестер и полскиот тим.

Навивачите на Легија прво направија пиротехничко шоу поради што мораше да реагира обезбедувањето кои немаше шанси да им се спотивстави на полските фанови и поради тоа се вклучи и полицијата.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=hlzzJdZ6atE[/embedyt]

Појавувањето на полицајци на трибината ги разлути хулигаите кои тргнаа да се тепаат и со обезбедувањето и со полицијата.

Пиротехничко шоу на полските навивачи/ фото: EPA-EFE/TIM KEETON

Покрај тоа, полските навивачи се обидоа и да се пробијат до делот каде се наоѓаат и домашните навивачи, но не успеаја да го пробијат полицискиот кордон.

Според извештаите, има и полесно повредени, а Легија сигурно ќе биде казнета од УЕФА бидејќи станува збор за меѓународен натпревар.

На теренот, фудбалерите на Лестер славеа со 3:1 и се искачија на првото место во групата Ц пред Спартак Москва и Наполи кои имаат по седум.

Sloboden pecat

 

 

 

You may also like