/ Видео / Навивачите на Барселона претепале поранешен фудбалер на Ајнтрахт

by Administrator

Германскиот бундеслигаш Ајнтрахт Франкфурт приреди вистинско изненадување елиминирајќи ја Барселона во четвртфиналето од Лигата на Европа, а притоа имаше неверојатна поддршка од своите навивачи.

 

 

Челниците на Барселона открија дека околу 30.000 навивачи на Ајнтрахт беа присутни на „Камп Ноу“ и ја гледаа победата на своите фудбалери.

 

 

Меѓу навивачите на Ајнтрахт беше поранешниот чешки репрезентативец и играч на германскиот тим, Мартин Фенин кој откри дека бил претепан од фановите на Барселона. Имено, по завршување на натпреварот, Фенин бил нападнат од неколку навивачи на Барелона кои го турнале на земја и потоа го удирале по телото.

За среќа Фенин поминал без потешки повреди, а потоа на социјалните мрежи објави видео од нападот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Martin Fenin (@martin.fenin_official)

You may also like