Дортмунд му нуди двојно поголема плата на Халанд, за да остане на „Сигнал Идуна Парк“

by Administrator

Борусија Дортмунд сака да го задржи својот најдобар стрелец Ерлинг Халанд за кого интерес пројавуваат најсилните екипи од Англија, Шпанија, Итралија, и за таа цел ќе му понуди двојно поголема плата.

Халанд кој моментно се опоравува од повредата на колкот,  за германскиот тим досега одигра 69 натпревари на кои постигна дури 70 гола и имаше 19 асистенции.

Според клаузулата, Халанд идното лето ќе може да си замине од Борусија доколку заинтересираните екипи понудат само 75 милиони евра, сума која е смешна за екипи како Реал Мадрид, Челси, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, ПСЖ, Ливерпул…

Но, Борусија нема намера да се предаде без борба и германските медиуми откриваат дека „милионерите“ се подготвени да му ја дуплираат платата на одличниот напаѓач и доколку потпише нов договор, неговата плата од девет ќе скокне на 18 милиони евра годишно.


„Sloboden pecat“

You may also like