САД – Суперсила на Супервулкан

by Administrator
SAD -SUPERSILA NA SUPERVULKANU

Стравот од глобално уништување заради трката во нуклеарното вооружување, присутен е веќе со децении ка сите образувани луѓе во светот. Напорите на некој начи да се воздржи од ваквата трка претставува долготрајна и макотрпна меѓусебна борба само на еден вид на планатава. Ама дали човекот е толку моќен да се воздржи? На среќа, или за жалост – тој не е.
Со своите билошки и интелектуален потенцијал, цивилизациските достигнувања, каде спаѓа и и целиот воено нуклеарен арсенал, човекот сепак е малечка нистожна сила во споредба со силата која го сворила.
Значи, исходот од борбата на Човекот со природата сосема е извесен. Кому не му е дадена моќта за создавање на Светот, тој не може ниту да го разурне-уништи.
Денес најголемата воена сила на светот, САД, која својата воена и економска моќ му ја наметнува на целата планета. токму се наоѓа на најголем природна бомба. Експлозијата на ова “бомба“ ќе убие најмалку една милијарда луѓе, значајно да се редуцира растителниот и животинскиот свет и човештвото цивилизациски да го врати неколку години наназад.

Ама, веднаш да кажеме- без паника! Катастрофа од ваков вид претставува дел од историјата на планетава и тие се сосема нормални. Луѓето и без ова се само еден вид во преминот на вечното време и на тоа мора да бидеме свесни. На сета среќа човечкиот “премин“ низ времето трае доволно долго така да природата можеме да ја спознаеме, а премногу кратко за да можеме да ја измениме. Така да , сеуште имаме време за учење. Ништо повеќе од тоа.

Значи, супербомбата за која станува збор, претставува супервилкан кој се наоѓа во паркот Јелоустон на тромеѓето на амаериканските држави Монтана, Ајдахо и Вајоминг. Овој супер вулкан нема отворено гротло и видлива издигната купола, туку се наоѓа под површината на земјата. Тој е откриен дури во шеесетите години на 20 век снимен со инфрацрвени зраци од сателит. Неговиот огромен кратер исполнет е со магма (научниците го нарекуваат калдера) долг е преку 80 километри и широк 45 километри. Тоа е отприлика колку еден Токио.

Супервулканите се разликуваат од обичните вулкани. Вжештената магма во овој вулкан не може да излезе надвор бидејќи е целосно затворена длабоко под земјата. Таа со тек на време се насобира во огромни количини, и топи околу внатрешните карпи и се шири под притисок под површината на земјината кора. Кога притисокот на магмата ќе стане толку јах, таа едноставно излегува надвор пробивајќи се пред себе огромни делови на слоеви од полурастопените карпи и земјата.

Вулканот Света Хелена при последната стравична експлозија во 1980 година, а што претставува најголема вулсканска ерупција во Америка ослободи толкава количина на магма со која цел Лондон би можел да се покрие со четири метра висока насобрана пепел. Меѓутоа ерупцијата на супервулканот, може да исфрли 2500 пати повеќе вулкански материјал, така да со целата негова пепел може да се покрие цела Велика Британија во висина на покривач од четири метра.

Кога Везув во Италија проработи, најмалку 5000 граѓани погинале од бранот на многу жешкиот пепел и гас,. Ерупцијата на Тамборе во Ин донезија во 1815 година уби 90.000 луѓе. Вулканот Каракатау во 1883 година уби 36.000 луѓе.

Кога последниот супервулкан експлодира, пред 74.000 години, последиците беа глобални. Тоа беше супервулканот Тоба на Суматра. Тој исфрли толку пепел и сулфур диоксид во стратосферата да во целост ги блокура сончевите зраци. Целата човечка популација тогаш била сведена на само неколку илјади.

Супервулканските ерупции во светот се случуваат приближно на секои 50.000 години. Последната се случи во Индонезија пред 74.000 години. Значи, светот е во очекување на една, која очигледно веќе доцни.

На земјата постојат 40 познати супервулкани. Повечето се згаснати. Од оние кои можат да се активираат најопасен е оној во паркот Јелоустон, и тој би можел да има страшни последици.

Ерупцијата на овој вулкан во секој момент би можел да ослободи енергија на 1000 атомски бомби фрлени како оние на Хирошима. Звукот кој при таа прилика би се слушнал-ослободил, би бил најгласен кој човечкиот вид некогаш го слушнал на планетава. Магмата која во таа прилика би излетала, би исфрлила преку 2000 милиони тони сулфурна киселина околу 50 километри висина во стратосферата, Околу илјада кубни километри лава би се разлеало, што претставувало доволно за да ја прекреие целата територија на САД. Наслагите од пепелта би биле околу 15 см. Околу илјада километри наоколу целиот животински свет би бил уништен од вжештената лава.

Долготрајните ефекти на катаклизмата би биле уште полоши. Заради илјада кубни километри пепел во атмосферата , минувањето на сончевите зраци би биле блокирани, фотосинтезата јак растенијата би била оневозможена и глобалната температура нагло би паднала на максимални 12 степени на северната хемисфера и до 1 степен во јужната. Однос со еден збор би настанала така наречена нуклеарна зима.

Најмалку една милијарда луѓе би умреле.

Овој супервулкан досега имал најмалку барем три ерупции: пред 2,1 милион години, пред 1.3 милиони години и последната била пред 640.000 години. Она што загрижува е циклусот во кој се случуваат овие експлозии, бидејќи испаѓа приближно 600-700.000 години. Токму заради тоа  еден од најпознатите англиски асхатолози ( проучувач на Судниот ден), Јан Гарни, предупредува дека веќе постојат знаци дека “ Јелоустонското чудовиште“ би можело да се буди, и дека “Крајот“ е блиску. На тоа го наведуваат и некои научни сознанија и докази.

Имено, на 22.јули 2003 година од управата на Јелоустонскиот парк забележано било дека покрај зголемената хидротермална активност околу гејзерскиот базен Норис, на посетителите привремено нема да им биде дозволен пристап.

Инаку, една од најголемите атракции во Паркот е гејзерот наречен “Параброд“. Познато е дека гејзерите  настануваат кога водата низ пукнатините во карпите од вулканско потекло се слева до вжарената магма. Така загреаната вода создава пареа, која под притисок се обидува да најде пат низ отворите и пукнатините на карпите. Што повеќе се појавува пареа, тоа значи нејзино континуирано ослободување од просторите со магма.  Како што се одвива текот на ослободувањето на пареата, се намалува притисокот и количината на магма. Кога супервжештената вода ќе се натрупа во магмата, а притисокот падне, таа започнува со експлозија излегувајќи на површината како гејзер и до 100 метра висина.

За жал, кога пареата од пукнатините не излегува, и нејзината количина отпаѓа, се создава лажна слика на мирување. Тоа би можело да биде само мирување пред уште посилна бура. Вжарената магма во Јелоустоун се наоѓа на само неколку километри под земјата, а целиот средишен комплекс на Паркот претставува огромно вулканско окно кое ко обиколуваат турситите од целиот свет.

“Парабродот“ според пресматеката на научниците во овој век ќе биде, многу активен. Помеѓу 1991  и 2000 година, немало ерупција.Сепак од мај 2000 година, “Парабродот “ се активирал 5 пати. Последен пат тоа било во декември 2003 година.

Еден квадреатен метар земја на ова место емитува топлина еднаква на сила од 2 W. А ако се ослободи топлина на 50 квадратни метри и претвори во електрична енергија, би можело да се запали сијалица од 100 W

Целиот јелоустоун ослободува 5 GW енергија, што претворено во струја, би било доволно за осветлување или за друга намена на два милионски град. Денес земјиштето на Јелоустоун емитува 30 до 40 пати повече топлина отколку просечна Северна Америка. Во август 2003 година геологот Лиз Морган, објавила резултати од своето четиригодишно истражување каде открива дека на дното на Јелоустонското езеро дошло до издигнување на тлото во должина од 610 метра. Издигнувањето е високо околу 30 метра, како десеткатна зграда, како последица на огромен притисок кој доаѓа од долу. Дали во прашање е притисок на водата или магмата, сеуште никој не знае.

Ако во прашање е магма, тогаш претстојува споменатата катастрофа. А ако во прашање е вода, тоа може да предизвика силна хидротермална експлозија.

Мали хидротермални експлозии се случуваат на секои неколку години во басенот на гејзерот. Големите хидротермални експлозии се случуваат во периоди од неколку илјади години, и тие оставаат огромни кратери.

Само на две недели, откако е објавено ова откритие, регистрирани се и замјотреси со јачина од 4,4 степени на само девет миљи од јужниот влез во паркот Јелоустоун. Потресот бил многу плиток, лоциран на само околу 0.3 миљи под површината на земјата, истакнувајќи притоа дека не бил вообичаен.

Професорот Бил Мек Гвајер, британски геолог, смета дека денес Јелоустоун претставува “заспано чудовиште, чие дишење претставува издигнување и спуштање на Земјината кора“.

За научниците сепак најважно е да го сватат механизмот за активирање на овој вулкан, како би дознале дали дошол во период на нестабилност.

ББС пред две години прикажал снимен документарне игран филм за ова вулканско чудовиште. Филмот претставува хипотетички приказ на она што би можело да се случи во случај на ерупција.

Интересно е и тоа дека Американската Федерална  Агензија за управување во Вонредни ситуации (ФЕМА) нема никаков план во случај на катастрофа од овј тип. А каков план би можело да има? Најголема катастрофа со која досега се соочиле беше “теористичкиот“ напад на Светскиот Трговски Центар во 2001 година. Хипотетичкото сценарио на ББС вклучува подрачје од десет милиони повеќе.

На крај, утешно што може да се каже за нас лушето, е сепак сречната околност што животниот циклус ни е далеку пократок во однос на животниот циклус на супервулканот. Заради тоа што, ерупцијата која би можело да се случи “веќе утре“, “токму“може да биде  за илјада години. А тоа ен најмалку уште десет наши поколенија. А можеби и многи подоцна. А сигурно е дека мора да доде до тоа, бидејќи магмата мора да излезе надвор.

You may also like

Leave a Comment