Русија спровела експерименти (проби) како би ја тестирала изводливоста на отсекување на ова држава од интернетот, наведил поранешен директор од ова област.
Веста за овие тестирања се појавија во моментот кога јавноста сё повеќе е загрижена дека Кремљ би можел да го укине правото на интернет слободата сё со цел цензура на информациите заради домашната политичка криза.
Андреј Семериков, генерале директор на рускиот провајдер на услуги Er Telecom, изјавил дека руското министерство за комуникации и Roskomnadzor, национален регулатор на интернетот, наредиле комуникационите центри кои управуваат со главниите руски интернет провајдери да го блокираат сообраќајот со странските комуникациски канали со помош на системот за контрола на сообраќајот познат како ДПИ.
Целта била да се дознае дали Рунет ( офизијален наслов за рускиот интернет) ќе може да продолжи да работи во изолација од глобалниот интернет.
Експериментот кој е спроведен ова година не успеал откако илјада помали провајдери на услуги, кои Рускомнадзор не ги контролира, продолжиле да испраќаат информации надвор од државата, изјавил Семерников.
Помалите провајдери сочинуваат 50% од пазарот во некои руски региони, и тие немаат ДПИ технологија за блокирање и воглавном користат сателитска конекција која не е лесно да се блокира.
Руски претставници и портпарол на Roskomnadzor негираат дека е спроведен сличен експеримент.
“Коментарите на Семерников протолкувани се на погрешен начин кои немаат потреба да се коментираат“, наведил портапрол на Roskomnadzor.
Меѓутоа, се наведува дека таков тест е спроведен во јули минатата година, кога безбедносната агенција ФСБ, Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи соработувале со националниот телефонски оператор како би дознале дали националниот интернет сочинет од домејни кои завршуваат со .ru или .рф продолжуваат да работаат доколку бидат отсечени од остатокот на интернетот.
Се наведува дека тој тест лично го побарал рускиот претседател Владимир Путин, како би ја проценил состојбата на финционирањето на рускиот интернет во случај на воведување на санкции од страна на Запад, кој би го отсекол интернетот кон Русија, и врз основа тоа донесена е одлука да се направи резервна инфраструктура како би се осигурала работата на Рунет.
Санкциите кои не му дозволуваат на западните компании да делуваат во Крим, провинција на Украина која во 2014 година се припои кон Русија оневозможија неколку интернет услуги во тој регион.
Андреј Солдатов, струќњак за руските безбедносни служби и коавтор на новата книга за безбедната интернет политика на Кремљ и праксата на прислушкување, тоа го нарекол како “изговор“.
Русија воведе бројни рестрективни закони поврзани за интернетот, што некои ги опишаа како напор за воведување на “дигитален суверенитет“ во сајбер просторот.
Меѓу тие закони спаѓа забранувањето на “ екстремистички“ сајтови или други сајтови штетни по децата, заради што некои блогери подлегнаа на истите забрани и регулации како во печатот и телевизијата, а интернет компаниите морале да ги преместат сите сервери со податоци за руските граѓани во Русија.
Критичарите велат дека ови закони за заштита многу слабио се регулирани и дека можат арбитрарно да се применуваат. Меѓу сајтовите кои се забранети е и сајтот на Гари Каспаров, познатиот шампион во шах и критичар на власта во Кремљ, потоа grani.ru, опозициски сајт, ама и блогот на Алексеј Навални, поранешен лидер на опозицијата во Русија и голем критичар на претседателот Путин.
