НЕДЕЛНА АНАЛИЗА: ЕВРОАЗИСКИ БЛОК ВО ТУРЦИЈА: Ердоган и Кемалистите против Ѓулен и САД.

by Administrator

turkey_1_0

Вечерта, околу 11.часот 15.јули медиумите објавија дека во Турција се случува државен удар. Во Анкара се слушаа пукотници, а имаше и воени авиони и хеликоптери кои го надлетуваа градот. Во период од неколку минути, турскиот премиер Бинали Јилдирим објави дека во тек е обид за воен удар. Во земјата беа зтворени лавните аеродроми, амногу летови беа откажани или доцнеа. Околу полноќ беше воведена вонредна состојба во земјата. Настаните се одвиваа многу брзо. Светските медиуми, под контрола на глобалистичките елити, настаните и покриваа така што изјавуваа дека бунтовниците се на чекор до успехот. Медиумите започнаа активно да шират гласини дека претседателот Ердоган наводно побегнал од земјата.

Во стварност, претседателот беше подготвен да се бори до последниот здив и момент, повикувајќи ги и Турците да излезат на улица и одбранат демократијата: “ Се надевам дека сите наши луѓе ќе бидат на плоштадите и улиците. Не верувам дека овие што се обидуваат да извршат пуч можат да ја остварат својата цел, ама секако дека ќе бидат казнети и тоа строго“, изјавил турскиот претседател. Илјадници Турциј веднаш излегоа на улиците. Околу два часот по полноќ премиерот Бинали Јилдирим изјави дека инспираторите на пучот се уапсени. Шефот на турската безбедносна служба, Тем Килмаз ова вест и ја потврди. Околу 4 часот утрината, Ердоган им се обрати на народо и директно укажа кој е инспиратор на пучот.

Бунтовниците се раководени од Соединетите американски држави.

Обидот за воен удар го спроведуваа следбениците на Фетулах Ѓулен и неговото движење “Хизмет“. Ѓулен живее во Пенсилванија во САД и соработува со американските разузнувачки служби. Познат е и како поранешен сојузник на Ердоган. Структурите на Ѓулен се криеле зад озлогласениот случај “ Ергенекон“, кога биле апсени и ставани во затвор илјадници високи офицери, вклучувајќи го и целиот Генералштаб на турската војска.

Мрежата на Ѓулен дејствувала споредн претходни команди-наредби од САД, кога клучните Кемалисти, чиј идеолог е угледниот политичар Догу Перинчек поставил важно прашање од потребата за радикално приблиќување кон Русија, Кина и Иран, а можеби и да излезе и од НАТО. Мрежата на Ѓулен продрела во највисокиот еншалон на владата и разузнувачките структури.

Ердоган ја разбра опасноста од ова секта во последен момент, кога Ѓуленистите, повторно по наредба од САД сакаа да изведат обоена револуција на плоштадот Таксим, обидувајќи се да ги обединат Кемалистите, либералите и сите останати кои се против Ердоган. Со чистката која уследи, не се успеа ја ликвидира целата мрежа на Ѓулен.

Проамриканскиот обид за воен удар изведен е во момент коа Ердоган го смени курсот на надорешната политика на Турција и почна да ради свое стратешко партнерство по должината на оската Анкара-Москва, вклучувајќи ја и промената на ставот за Сирија. САД, како би го спречиле создавањето на евроазиската оска Анкара-Москва, се обидувале да организираат пуч прибехнувајќи со користење на своите мрежи ( движењето Хизмет на Ѓулен кој живее во САД и активно соработува со американските разузнувачки служби).

Еден од важните фактори, кој ги подтикна заговарачите на одлучна акција била претходното откривање на мрежата на Ѓулен и неговите следбеници во Вооружените сили на Турција. Една недела претходно започнала истрага за мнозинството на учесници во пучот и воглавном станувало збор за офицери од среден ранг од Воздухопловните сили и Жандармеријата. Тие беа обвинети за формирање на паралелни структури поврзани со Ѓулен, а исто така и со американските режисери. Судејќи според дејствувањето на бунтовниците,  кои ја бомбардираа претседателската палата, задачата вклучувала и физичко ликвидирање на Претседателот и Премиерот. На тој начин, дури и во случај на неуспех на воениот удар, про-американскиот  Ахмет Давутоглу би имал најдобри шанси за доаѓање на власт како единствена јака и преостаната популарна личност од Партијата на правдата и развојот (АК).

Турските воздухопловни сили претставуваат најизразит дел од про-амриканската струја во турската војска. Обидот за удар, исто така ја откри и вмешаноста и одговорноста  на мрежата на Ѓулен од Воздухопловните сили за расипување на руско-турските односи. ( Уривање на руескиот авион, предизвикан од страна на следбеник на мрежата на Ѓулен). Според зборовите на градоначалникот на Анкара, Мелих Гокчек, меѓу организаторите на бунтот “ е и човек кој е вмешан во инцидентот со рускиот СИ-24. “Според друи извори, пилотот бил член на “бандата“ на Ѓулен, позната како “паралелна држава“.

Исто така, градоначалникот на турската престолнина изјавил: “ Тоа е таа паралелна држава која ги расипа нашите односи со Русија. Еден од пилотите, за кој сум сиурен 100%, учествуваше во инцидентот со рускиот авион. А беше и учесник во пучот. До денес за тоа молчевме, ништо не објавувавме. Ама, еве сега јас Мелих Гокќек велам дека тие се багабонти кои и расипаа нашите односи со Русија“.

Сепак, пучот пропадна. Предвидиваме заострување на односите помеѓу Турција и САД, бидејќи Турција може да го постави и прашањето за повлекување од НАТО. А, може да се очекува и развој на стратешко партнерство со Русија.

Пропаднатиот пуч ја покажа промената во равнотежата на турските елити. Порано можеле да се делат на помали групи: Кемалисти, првенствено припадници на воени кругови ( против нив беше инициран случајот Ергенекон), Ѓуленови следбеници и умерени исламисти на Ердоган. После оставката на Ахмет Давутоглу и промена на геополитичкиот курс на Турција во насока на приближување кон Русија и Сирија, надворешната политика на Ердоган и неговите сојузници стана поблиска кон Кемалистите.

Фактот дека високата воена команда и поголем дел од војската не го подржаа бунтот претставува доказ за создавање на нов сојуз помешу Ердоган и Камалистите. Овде геополитиката одира голема улога. Ѓуленистите секако се обидоа да придобијат следбеници од секуларниот турски национализам, иако во внатрешните прашања имало разминување. Меѓутоа, геополитиката се покажала како најважна.

Важно е дека во ова ситуација турскиот народ едногласно го подржа својот претседател Ердоган, бидејќи неговите противници со себе го носеле крајот на турската држава, како и сите оние кои не работаат за националните интереси, туку за интересите на западната хегемонија, која и онака е на смртна постела.

Извор:Катехон

You may also like

Leave a Comment