Членот на христијанско-исламскиот комитет за поддршка на Кудс (Ерусалим) и светите места, раководител на одделот за христијанскиот свет во палестинската влада и познат хуманист Мануел Муселем, предупреди дека она што се случва во Кудс ќе се прошири и во Мека.
Говорејќи за Ел-Џезира, отец Мануел исто така предупредил дека она што ќе се случи во светиот град Ерусалим ќе доведе до религиозна војна, бидејќи Мезџид-л-Акса ќе се сруши заради сите ископувања што Израел ги спроведува под овој верски објект.
“Го повикуваме светот да ја спречи верската експанзија на Израел. Ние ја отфрламе верската војна, меѓутоа доколку ни се наметне војна, ние како христијани ќе застанеме веднаш до нашите муслимански браќа за да се спротивставиме на овој ционистичко-христијански фундаменталистички напад врз Кудс и светата Меџиџд-л-Акса “.
Тој ги повика муслиманските земји да ги снабдуваат Палестинците со оружје за да го спречат овој напад.
Тој, исто така, одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за признавањето на Кудса како главен град на Израел ја опиша како директна војна на Израел против Палестина и нејзиниот народ и Кудс, додавајќи дека одлуката на Трампа е голема грешка.
“Недостасува алка која го поврзува палестинскиот народ и нивниот народ”, додал тој. “Лидерите се во еден свет и луѓето се наоѓаат во друг”.
Тој го повика палестинскиот народ да им нареди на палестинските фракции да се обединат и да усвојат нова стратегија врз основа на легитимно право на отпор за елиминирање на окупацијата.
“Опишувајќи го Кудс како муслиман или христијанин е погрешно. Ние како Палестинци сакаме Кудс да биде арапски, бидејќи тој и е арапски “, надополнил тој.









