Во рамките на неколкунеделната активност за прибирање на парични (финансиски) средства присуство на представници на џамискиот одбор како и организаторот на спроведување на оваа активност во Р.Македонија г-дин Јасмин Реџепи, од страна на мутевелијата при џамија Подгорци, г-дин Реџоски Фатмир , беше предадена финансиска помош која жителите на оваа населба ја обезбедија за настраданите во Газа.
Според информацијата доставена до Дубаи Портал, жителите на оваа населба за своите браќа и сестри во Газа-Палестина собраа вкупно :
1- 5970 евра
2-600 швајцарски франци.
Оваа финансиска помош беше предадена на организаторот на оваа хуманитарна акција на ниво на Македонија г-динот Реџепи и уште еднаш укажано дека Подгорчани сеуште и секогаш се подготвени да помогнат за своите кога се наоѓаат во било каква тешка ситуација.
Покрај тоа во името на џамискиот одбор на населба Подгорци мутевелијата г-дин Фатмир Реџоски им се заблагодари на сите оние кои на некој начин помогнале во собирањето на овие финансиски средства и како што надополни “ Иншала Аллах да ги награди за ваквата желба да се помогне на оној кој е во тешка состојба“.
Дубаи Портал.










