Еве, изборите се во тек, си замислуваме дека сите не сакаат и почитуваат, се растрчуваат по нашиве села, не посетуваат, убедуваат и што уште не, а тоа не тера на помислата … ЗАРЕМ НАШИОТ ГЛАС Е ТОЛКУ ВРЕДЕН ..?

Логички нашиот глас е вреден ама и краткотраен, тоа значи дека се слуша се додека траат овие избори, а веднаш после завршување на истите нашиот глас го губи ТОНОТ... односно како кај некои телевизири кога некогаш мајсторот ќе ви речеше : ИМА СЛИКА НЕМА ГЛАС...

Ете, вака денес се цени вредноста на гласот на мојот народ..  вреден во текот на изборите, а после останува само сликата, која сите ќе ја гледаме, ама за џебе, филм без тон не се гледа, освен ако не е некоја комедија како од типот на Чарли Чаплин. И ете навистина овој филм секојдневно ќе го гледаме после изборите, односно ние ќе глумиме комедијатни како што дене сме во стварност, а другите ке бидат публика и ќе ни се смеат, на она што за жал долго време самите си го режираме и никако да излеземе од овоа трагикомично сценарио.

Еве, малку поедноставно :

Веќе извесен период не посетуваат сите партии, партиски лидери, представници, кои носат подароци од ветувања како и секогаш, не убедуваат дека сме она..ова.. и дека ќе ни направат оваа или она.. дека ќе ја подобрат нашата социјална ситуација.. и што уште не.. Ама како и да е ова се празни ветувања како од типот на Дедо Мраз за малите дечиња, ама за повозрасните овој Дедо Мраз е некој нов кој доаѓа во пролет-лето и носи торба од празни зборови и ветувања.

А, овој мој народ веднаш некако паѓа во транс, во некој си виртуален свет кој е надвор од секаква реалност, и штом се разбудиме, како што велат некои остануваме со прстот во уста.. т.е овој наш преубав сон трае се додека другите ни ветуваат се и сешто, а ние фантазираме и живееме во тој свет од ветувања, и на крај секогаш како што реков горе остануваме со прстот во уста и празне раце…??

За жал, порано барем рацете не ни остануваа празни, односно имавме по некое знаме и транспарент да фучиме и да се гордеем со нешто што не сме, а да се срамиме од тоа што сме..

Ама денес на крајот од тоа знаме и транспарент ни останува само држалето (дршката), а дали го заслужуваме тоа.. по се изгледа ДА !..

Па понекогаш си велам зошто барем некој не нетресни по глава со тоа држале, по оваа наша глава, за да се освестиме што се ни се случува наназад години и повторно ни се случува.. Ама, како што рече еден мој пријател : џабе е бате, ние имаме физички деформалитет, односно нашиот мозок (ум) не е во главата туку во нозете, и така постојано го газиме..газиме…..

И, како што идат секои избори, за жал се посиромашни и посиромашни во своите кампањи..  тоа значи и дека наскоро ќе останеме и без држале.. па ќе започнеме меѓусебна  борба во тоа кој прв да најде држале и високо да го вивне над својата си празна глава..

Ни ја полнат главата со се и сешто., а ние никако да се снајдеме и да го филтрираме сето тоа  што ни го полнат во нашата глава, туку веднаш го примаме и апсорбираме, а не сме свесни со што ја полниме нашата глава, во овој случај секога со некакви си тоскични материи (информации).

За некои сме:

1.Потурци…

2.Македонци Муслимани…

А ни се правиме дека сме:

1.Албанци,

2.Турци,

3.Торбеши,

4.Македонци Муслимани,

5.Бошњаци

6. И што уште не??? А, не тоа што сме?

И кога би го прашал некого, од каде тој денес преку ноќ станал : Албанец, Турчин, Македонец Муслиман или…нешто др.. одговорот секогаш е сосема различен и не потполно-целосен без и било каква смисла, а тоа е резултат на  непознавањето на својот сопствен корен, на својата традиција, каде што и едниот и другиот со ваквите постапки ги бришеме, односно нашиот корен го пресадуваме насекаде и на секое место мислејќи дека ќе успеа, а за жал со ваквите постапки тој постојано се суши и исчезнува, а некому тоа и му одговара, да во оваа наша денешна ливада (Македонија) го нема нашето цвеќе. А додека пак  традицијата ја збогатуваме со обележја од некои си други традиции кои не ни одговараат на оваа нашата ( носија, обичаи и др..) па остануваме и без неа. И кога најголемиот етнолог да дојде нема да може да ни ја опише нашата традиција, односно накратко од сето тоа што го имаме како обележје едноставно ќе рече дека овие луѓе (народ) имаат КОКТЕЛ (мешавина) на традиција. Односно некои носат: Албански обележја, некои Турски,некои Македонски, некои Торбешки…  Се гордеем со Албанска, Турска, Српска, Босанска, Македонска музика.. а нашата ја запоставуваме…

Едноставно за сите оние кои можат добро да размислат, односно го имаат својот ум (мозок) во главата, а не во нозете, нема да биде пречка да констатираат дека, ниту едните ниту другите не не сакаат, туку го сакаат овој наш сиромашен глас кој наскоро и тој ќе ни го снема. Што Ајр, сме виделе што сме се пишувале и Албанци, и Турци, и Македонци и Торбеши…Ајде бре малку да се освестиме и да излеземе од овој наш виртуелен свет.

И еднаш сите заеднички да бидеме или Албанци, или Турци, или Македонци, или Торбеши ( доколку не се срамиме од тоа што сме) и заеднички тогаш да го подтурнеме овој голем камен кој со години ни тежи, а не како онаа анегдота која секој чекал на некој друг да го подигне каменот, ама каменот останал на истото место.

Ајде заеднички, па овој наш камен да го остраниме од нашиот товар,  и да им укажеме на сите останати други, дека ние сме посебни и сакаме да останеме како такви, и дека во оваа наша ливада (Македонија) сакаме да го има нашето цвеќе, и дека нашиот телевизор ќе има и слика и глас..

РАЗМИСЛЕТЕ ДОБРО.. ИМАМЕ МОЖНОСТ ДА ДОКАЖЕМЕ КОИ СМЕ, И ЗОШТО ТРЕБА ДА СМЕ ТАКВИ КАКВИ ШТО СМЕ.. РАЗЛИЧНИ, ПОИНАКВИ, АМА ЕДНО СМЕ.. ( за нашите Лабуништани, Подгорчани, Октишани и Боровчани)

Текст: Од Редакцијата на Дубаи Портал.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here