Дек(A)шер колумна за в торба
Јас (не)мислам така јас имам ст(р)ав
Турција од Ататурк до Ердоган
Случајноста. Или можеби судбината, Аллаховата одредба сакала месец март, барем за мене, но уверен сум и за многу други, да ми мине во знак на Турција. Велат случајните работи неслучајно се случуваат. Не верувам дека и ова е случајност. Како и да е неколку настани кои се случија и ќе се случат(локалните избори закажани за 30 март) во Р. Турција го одбележаа овој март 2014 година.
Од сите би го издвоил најзначајниот настан. Прославата на 99 годишнината од битката на Чанак Кале Не само заради значењењто на оваа битка. Битка која е значајна по многу други нешта за кои ќе кажам нешто повеќе на крајот на оваа колумна.
Би започнал со неколку месечната, дали да ја наречам владина криза?, во која наводно на виделина излезе афера за корупцијата на неколку високи функционери од владата на турскиот премиер, харизматичниот Реџеп Таиб Ердоган. Дури и неговото смејство (синот) е посочено како дел од финансиски афери. Дали сето тоа е точно или е само обид да се девалвира и дискредитира најуспешниот премиер во поновата историја на Турција, ќе покаже времето. А Бога ми ќе покажат и локалните избори на 30 март кои по се изгледа ќе бидат и добар индекс за наредните парламентарни избори.
Предизборната кампања е во тек и покрај меѓупартиските пресметки централно место во турските медиуми завзема меѓусебното обвинување помеѓу Ердоган и неговиот довчерашен сојузник, контраверзниот Фетулах Ѓулен. Велам контраверзен затоа што тој со децении живее во САД ,наводно во азил како дисидент иако и нема некаков дисидентски однос ни кон поранешните влади на Турција уште помалку кон оваа на Ердоган и неговите соработници. Дури некои аналитичари и новинари со кои имав можност да разговарам на оваа тема сметаат дека, за разлика од Ердоган кој отворено се спротивставува на израелската политика, Ѓулен одржувал блиски односи со членови на еврејското лоби во Америка. Некои од нив одат до таму што неговото движење наречено Хизмет (служење) го опишуваат како служењење но не на турските интереси туку на америчко-израелските.
Во таков еден амбиент бев поканет да учествувам на еден симпозиум во Измир во организација на ИЗПОТ (Измирски огранок на асоцијацијата на помашки здруженија во Р. Турција) на чие чело стои познатиот турски археолог со помашко потекло, г-дин Ерџан Чокбанкир, внук на познатиот Ахмед ага Тамрашлијата, челникот на уште попознатата Тамрашка Република. На симпозиумот настапив со темата : “ Торбешите во Македонија- Потекло и етимологијаа на етнонимот Торбеш“.
Морам да признам дека моето патување за Турција беше исполнето со големи емоции од неколку причини. По долги години повторно се појави себет за да го видам Стамбол, Измир да го видам, Бурса… а попатно и Кавала каде се наоѓа споменикот на Мехмед Али паша и медрезето на неговите потомци кое денес е претворено во хотел. За жал низ Кавала поминав во ноќните часови и не успеав сето тоа да го видам.
Кога сум кај емоциите морам да напоменам дека тие беа најсилни во Истамбул. Имено уште од порано имав занијетено да останам за Џума намаз во Истамбул и да клањам во Султан Фатих џамија. Таа моја желба веднаш му ја кажав на еден од моите домаќини, претседателот на Истамбулскиот Изпод Мехмед Демир. А тој како добар домаќин ми ја исполни желбата и двајцата за Џума се најдовме таму. Она што посебно ме фасцинира беше нејзината големина. Ми рекоа дека била една од најголемите џамии во Стамбол која собира околу 8-10 илјади нуфузи џемат. Да бидам искрен никогаш во животот не сум клањал намаз во поголем џемат. Но и тоа не е се. Она што беше највозбидливо е помислата дека клањам џума во џамија каде некогаш имам бил еден наш човек, Торбеш од Лабуништа,“наше горе лист“. Станува збор за познатиот стамболски мудесрис Хусреф еф. Ајдинлар или Истреф еф. Ајдиноски за кого кај нас малку се знае. Покасно кога мојот пријател ме праша зошто сакав токму таму да обавиме џума му кажав многу работи и за Истреф ефендија и за Мехмед Алија и за многу други наши знајни и незнајни јунаци кои својот живот или го положиле на браникот на Османската империја и новата Турција или покасно останале да го продолзат животот таму. Целото петочно попладне тој последен фебруарски ден ни помина во разговор за тие наши помашки, торбешки и бошњачки великани кои оставиле трага во Османската империја. Од големиот Помак, Сулејман Балтуоглу –пашата кој бил на чело на Османската војска на султан Мехмед Фатих и големиот Мидхад паша преку уште поголемиот Мехмед паша Соколовиќ, Мехмед Али паша-мамелукот до основачот-таткото на современа Турција Мустафа Кемал Ататурк кој исто така е “наше горе лист“.
Бидејќи освен активностите околу симпозиумот и предизборните активности, тие денови во Турција многу актуелно беше и обележувањето на 99 годишнината од Битката на Чанак кале која во Турција се одбележува на 18 март како Денови на шехидите. Битка која во Европа е позната како Битка на Галиполе, една од најжестоките битки не само во Првата светска војна, по многу и во историјата воопшто. Битка во која покрај Турците и кавказките народи, животот ќе го дадат и многу шехиди од Босна, Албанија, Санџак, Косово и Македонија. Според еден податок речиси 400-500 шехиди се од Гора. Не постојат пишани извори и точни податоци за шехидите од Торбешките села но се раскажува за многу нашинци кои тие години заминале во војна и никогаш не се вратиле дома.
Карактеристично за оваа битка е тоа што кај балканските муслимани таа се доживува како борба за Хилафетот и одбрана на исламот. Исто така, со неа се рушат вековните соништа на Русија да излезе на топло море како и соништата на некои западни сили и Грција да го звземат “Вечниот град на Босфорот. И трето, таа битка го изнедрува подоцнежниот неприкосновен лидер и основач на новата Турција Мустафа Кемал-Ататурк кој својот голем војнички углед го стекнува токму кај Галиполе. Токму тој ја предводи турската војска во тие битки.
Денес Турција и новиот лидер Ердоган бијат некои други, поинакви, демократски битки и внатре во Турското општество и надвор. Речиси сто години по Галиполската битка лидерот или султанот на “новата Турција“ како многумина го нарекуваат премиерот Ердоган успеа да создаде економски силна, просперитетна и демократска Турција. Турција која води автентична и независна од Заподот политика на чело со “умерените исламисти“, како што ги нарекуваат водечките политичари на АК партијата. Вечниот кандидат за рамноправен статус во Европската Унија од пред извесно време сваќа дека, како муслиманска земја, не е добредојдена во “семејството на христијанскиот сојуз“ и се повеќе ја свртува “ветерницата“ кон Блискиот исток, Балканот и другите муслимански земји. Тоа изгледа иритира многу западни земји и особено САД и Израел. Така денес Турција бие една модерна демократска Битка која по многу нешта потсетува на онаа на Чанак кале пред 99 години. Епилогот виден на 30-ти март оваа година. Со една разлика кога се во прашање муслиманите од околните споменати региони. Ако тогаш, предводени од Ататурк, ги положуваа своите животи на Чанак кале во име на исламот, денес во Лабуништа, Скопје, Рестелица, Призрен, Сарајево и на многу други места надвор од Турција ја славеа големата демократска победа на големиот, не само турски туку у исламски, лидер Реџеп Таип Ердоган.











