Расте бројот на пријави против потпалувачите на дел од пожарите коишто со недели ја пустошат Северна Македонија. Полициските дронови коишто веќе неколку дена ги мониторираат опожарените појаси открија и обид за нелегална сеча на дрва за огрев токму во пределот на планината Серта, каде што ситуацијата беше и најкритична, а во моментов е активна забраната за движење во шума.
Дронот откри нелегална сеча
Како што соопшти МВР, станува звор за две лица од селото Селце коишто биле затекнати на местото на пожарот. Од нив биле одземени трактор со приколка, две моторни пили и исечените дрва. При претрес во нивниот дом во с.Селце, биле пронајдени и одземени испратници и одобренија за сеча на дрвна маса, издадени од ЈП „Национални шуми“, фотокопии од лични карти за кои се поднесувале барања за добивање на одобренија за сеча, воздушна пушка, две канти со бензин, импровизирана направа за центрирање на оптика за огнено оружје и други предмети поврзани со делото.
Повеќе на:dw.de









