Покрената е истрага за тешката авионска несреќа во Бразил во која загинаа 62 лица, што е најголемата несреќа регистрирана од 2007 година во оваа земја.
Истрагата штотуку започна, а веќе се појавија првите детали и теории за тоа што би можело да ја предизвика авионската несреќа.
„На снимката се гледа дека авионот има одредени проблеми со контролата бидејќи повеќе не може да се одржува. Потребна му е минимална брзина за да може да ја задржи својата позиција во воздухот. Застој е ситуација во која крилото целосно го губи подигањето, што предизвикува авионот ненадејно да падне“, изјави Гералдо Портела, специјалист за управување со ризик и безбедност.
Ова може да го предизвика мраз на крилата, а бразилските медиуми пишуваат дека токму тоа била причината.
Професорот по авиосообраќај од Сао Паоло истакнува дека е рано да се зборува за причините, но нагласува дека формирањето на мраз би можело да биде една од нив.
„Крилото има аеродинамичен профил и акумулацијата на мраз генерално под крилото може да предизвика овој авион да ги изгуби своите аеродинамички карактеристики што го отежнува летањето“.
Отстранети се црните кутии од авионот, што детално ќе ги открие причините за несреќата.
(Vijesti.ba)










