За Грција резултатите од пописот во Албанија се нов трн во односите со Тирана, на пописните податоци реагираат партии на Бошњаците од Косово, незадоволството расте кај Македонците во Албанија. Од местата доминантно населени со етнички Македонци, разочарувањето доаѓа од фактот што во време кога РСМ имала шеф на дипломатијата етнички Албанец, кој се фалел со претседавањето со ОБСЕ, со големи успеси, и покрај одличните односи со Албанија, се стигнало до „успех“ Македонците во Албанија да бидат попишани како „северномакедонци”, притоа со бројка далеку помала од реалната.
„Кога зборувавме за бугарските притисоци, Османи порачуваше дека македонските институции ќе останат во интензивна комуникација со Македонците и со институциите во Албанија за сите прашања коишто нѐ засегаат“, потсетуваат од македонската заедница, посочувајќи како завршил „резултатот од интензивната комуникација”.
Бројот на попишани Бугари во Албанија изнесува 7.957, а на Македонци е 2.281. Пред спроведувањето на минатогодишниот попис Македонците реагираа дека се прават притисоци врз Македонците да се попишат како Бугари – од пазарџиско ветување пасоши, бројни донации во школска опрема и компјутери, до уцени дека мора да се пишат Бугари тие што сакаат да добијат државјанство со кое ќе можат да работат слободно во ЕУ, или нивните деца да добиваат стипендии за студирање во Бугарија, итн.
Повеќе на РСЕ









