Согласно поповолната епидемиолошка состојба, Владата на Црна Гора донесе нови мерки во борбата против корона вирусот, кои важат од 4 до 17 март.

Дозволени се посети на лица сместени во установи за социјална и детска заштита со поседување на ПЦР тест кој не е постар од 72 часа;

Посетите на лица во ЗИКС се дозволени со ПЦР тест кој не е постар од 72 часа со или без ПЦР тест, со обезбедување на физичка преграда и забрана за близок контакт со овие лица;

Во затворените спортски објекти дозволено е присуство на публика до една третина од бројот на седиштата, со поседување на ковид потврда и со две слободни места меѓу гледачите и почитување на другите основни епидемиолошки мерки.

Спортските манифестации на отворено е дозволено да имаат присуство на публика до 50 проценти во однос на бројот на седишта без потврда, со едно слободно место меѓу гледачите, но со почитување на основните епидемиолошки мерки.

Се укинува обврската за поседување потврди за ковид во верски објекти, со обврска за почитување на епидемиолошките мерки;

Обврската на вработените во здравствените установи и установите за детска и социјална заштита да достават негативни тестови или потврда за вакцинација до работодавачот, по годишен одмор, се укинува.

Директорот на ИЈЗ, Игор Галиќ, рече дека бројот на заболени во претходните две недели бил помал за околу 50 отсто, како и бројот на починати.

Тој посочи дека епидемиолошката состојба е најдобра во последните четири месеци.


„Novosti“
„Dubai-Portal“