Двегодишното девојче од Какањ кое падна во кома по операција на окото во приватна клиника во Сараево, Џена Гаџун, почина рано утрово, јавуваат босанските медиуми.
Срцето на Џена оа Какањ не издржа, не успеа да се избори со тешката состојба во која заврши по операција во приватната клиника „Бајтовиќ“.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=6VovxPKHcxE[/embedyt]
Таткото на малата Џена, Мурис Гаџун, утрово ги информира пријателите за трагедијата што се случила.
На девојчето му беше вградена пластика во окото, која телото не ја прими, а по зафатот со цел отстранување на пластиката кој го извела д-р Нина Јовановиќ, која немала лиценца од Лекарската комора, Џена не се разбуди од кома, па во тешка состојба беше префрлена на КЦУС.
Анестезиологот Суад Рожајац, кого родителите по операцијата го прашале што се случува, им рекол дека не знае што се случува.
„Го прашавме што се случува, што ѝ дал, а тој рече дека не знае што се случува, дека срцето ѝ застанало, дека два пати ја враќале во живот“, кажа мајката во привот разговор.
И апаратите во клиниката каде девојчето беше оперирано не биле законски верифицирани.
Овој случај веројатно ќе има судска разврска, со оглед на тоа што родителите ангажирале адвокат преку кој се обидуваат да утврдат кој е виновен за тоа што му се случи на двегодишното девојче.
А, на социјалните мрежи масовно се споделува статусот:
Џена почина!
Но, таа не умре, ја убија!
Државата ја уби!
Ја уби здравствениот систем!
Ја уби лажната диплома!
Ја уби лажен доктор!
Ја убија митото и корупцијата!
Ја убија партиски назначувања и врбувања!
Ја уби проклетата приватна ординација и нивната алчност за пари!
Ја убивме сите ние кои молчеме за се што се случува во оваа несредена држава!
„Sloboden pecat“










