Прв круг, па втор…предвремени…сиромаштија…Македонија помеѓу круговите пак на раскрсница

Тешко е да се биде политички коректен и објективен во општество каде што секој облик на критика, политичко размислување или анализа се разбира и се прифаќа лично. Дури и најчесниот начин на прикажување на зададените постулати на некоја политичка анализа ги навредува актерите и индивидуите кои се препознаваат и се наоѓаат во некои точки од анализите. Но, каде да се постави границата на политичката коректност, каде и како се преминува таа граница? Не постои универзален одговор на овие прашања, бидејќи прашањето за добриот вкус е индивидуална работа затоа што сите намаат исто ниво на толеранција, така чувствителните ќе се ловат на ситници и секоја критика ќе ја доживуваат како личен напад, додека посталожените нема да земаат при срце уште потешки провокации. Треба да се направи разлика помеѓу конструктивна политичка (не) коректност, чија цел е да се укаже на неправилности (со цел нивна исправка) и деструктивна политичка (не) коректност, чија примарна цел е да предизвика нови поделби, недоразбирања и хаос. Вреди да се спомене дека многу форми на политичка (не) коректност се полни со катастрофални генерализации, заразени со стереотипни премиси. Важно е да се знае причината зошто се случува плукање на политички противник, но и начинот на кој се случува плукањето. Заборавивме да плукаме (критикуваме) на убав начин, шармантните и духовити забелешки се заменуваат со ситни интриги, кои ќе кажат дека суровоста на масите добила ментална битка над шармот на поединецот. Ова сѐ повеќе може да се види на нашиве простори но со многу поголем интензитет во предизборните кампањи.

Но, како и да е, поминаа локалните избори, и што се случи со резултатите од владеачката партија? Кој е гревот од Премиерот што го детектира народот? Дали се испраќа нов сигнал према Европа, или Европа има свој грев за зголемувањето на евроскептицизмот на македонските граѓани? Дали на сцена во нашата држава е реперкусија на анархистички убедвуавања кој ги опишува Макс Штирнер?

Иако под големо влијание на Хегеловите идеи, Штирнер дава свој заклучок на екстремна форма на индивидуализмот, које сугерира дека поединци се обземени со своето его и да тежат према сосптвени интереси. Обземеност со сопствени интереси може да произведе судир на интерес помеѓу поединци и да се опрвадува егзистенција на држава која би била неопходна во спречување на секој поединец да ги злоупотребува другите или да им нанесува штета. Спрема Штирнеревото гледиште, егоизам е филозофија која индивидуалното сепство се става во центарот на моралниот универзум. Од оваа перспектива поединецот треба да делува само онака како тој одбере, без обзир на закон, општесвена конвенција, религиски или морални принципи. Ова позиција јасно гаѓа према екстремниот облик на индивидуалистички анархизам. Ова секако остава траг и врши влијание кај Ниче. Целата политичка ситуација во нашава држава оди во правец односно личи на „Прниц Вогелфреи“ во Радосни

знаности од Ниче, кој е многу радосен на своите плесачки знаења, постанува дивјак кој филозофира. Запишува некои нечувени реченици, кои мислилачки најавуваат некои окрутности на фашизмот. Тие зборуваат дека на „паразитското и изопаченоста“ мора да им дојде крајот; дека „расата на господари“ мора да биде доволно јака за „сочуство“. Ниче со восхитување осликува слика на „величевтсвена плава зверка што алчно трага за плен и победа“. Со обезвредување зборува за „луѓе стадо“кои постојуваат само за то да произведат величествени примероци на племенита виша раса. Затоа „искористување е право на јаките“. Ниче оштро ја осудува бисмарковската социјална политика: „ Ако сакаме робови- а ни требаат, несмееме да ги воспитуваме и образуваме во господари“.

А како поинаку да ги разбереме политичарите?! Или како во политичката зоологија, на пример кај Аристотел човек- политичко животно; кај Кант човек-животно и господар; кај Хобс човек- волк и левијатан; кај Фројд човек – волк и култура; кај Данте и Зимбардо човек- луцифер- волк; кај Шпенглер и Фром човек –грабливо животно; кај Ниче човек- домашно животно во стадо; кај Фуко и Рансијер овчари и овци…..

А како поинаку да ја разбереме политиката која ја водат политичарите?! Или како во политичката зоологија, на пример кај Фихте и Реимен – нојевска политика; кај Шопенхауер- крт и политички кртови; кај Чехов –луѓе камелеони; кај Диоген-пес; кај Русо и Деннет „сопретеја та врана“; кај Архилоха и Берлин-лисица и еж……

Гледајќи ги политичарите и политиката кај нас, сигурно има многу од горенаведените, но најмногу нојеви со главата во песок и камелеони кој ги сменуваат боите како ќе се најдат во ситуација.

Но, да се вратиме на „гревот“ од Премиерот. Мислам дека се четири клучни точки во кои може да се коментира за поразот на владеачката партиа, а петата точка е невероватна за да се поверува. Прво е тоа што се поднесе голема жртва со промена на името на државата, како би се тргнале блокадите од јужниот сосед за влез во НАТО. Сепак изгледа дека голем дел од граѓаните не го одобруваа тоа, иако немаше друг избор. Со влез во НАТО, државата го реши рпоблемот со сигурност и понатамошни можни поделби. Но, сепак тоа не го прожвакаа некои граѓани. Второто е проблем во образовниот сектор, со нерационални и некомплетни решениа за учебниците и самата содржина на учебниците, начинот на настава и тн. Третата точка се однесува на проблемот со Covid-19, односот према пациентите, начинот на третирање и целокупната состојба околу овој проблем. Разните приказни околу вакцината, ограничувањата, полициските часови и слично, допринесоа за големо незадоволство кај граѓаните Но, тоа се покажа како проблем на многу поразвиените земји од нас, а секако дека и кај нас предизвика општи хаос. Четврата точка се однесува на меѓународнo ниво, соочување со нова блокада од страна на челнка на ЕУ односно Бугарија, и закана за ново вето, но и самиот однос на ЕУ према нашата држава. Евроспките челници често искажуваат реторичка подршка на Западниот Балкан за

Евроатланскиот пат, наводно и ради загриженоста од влијанието на други сили, пред се на Русија. Многу експерти и аналитичари сметаат дека со политиката на (не) проширување на ЕУ, тие ги потиснуваат државите од Западен Балкан и ги вметнуваат во „прегратка“ на Русија. Експертите исто така сметаат дека денес дури 15 членки на ЕУ не би ги исполнувале условите кои се бараат од државите од Западен Балкан. Во 2004 година, дури 9 и пол држави се примени со полноправно членство во ЕУ, примен е пола Кипар, а другата половина не е примена. Тоа е доказ дека кога ќе се сака све се може. Еден ваков однос на ЕУ сигурно не оди во прилог на визијата од Роберт Шуман идејниот творец на обединета Европа. Аналитичарите сметаат дека 18 милиони жители на Западен Балкан не можат да бидат дестабилизаторски фактор на ЕУ, затоа што тоа не е ни половина од жителите на една Полска, а камоли да прават проблем на 450 милиони жители на ЕУ. Меѓутоа, политиката е таква каква што е, и не оди во прилог за нашата држава. Петата точка е невероватна, а се повикувам на анализата од ИФИМЕС, Меѓународни институт за блискоиточни и балкански студии од Љубљана. Тамо се наведува дека е режирано туркање на Премиерот од власта, со операција „Коњичев скок“, а што има за цел враќање на Груевски во Македонија. Овие се анализи од ИФИМЕС, што можеби не се далеку од вистината. Целта била на локалните избори да се порази власта и да се иницираат предвремени парламентарни избори.

изборите ги коштаат граѓаните неколку милиони евра, и секогаш сне сведоци дека покрај редовните избори има и предвремени избори. Од економски аспект, тоа не е исплативо за граѓаните, кога ќе ги земеме во обзир платите кој се во нашата држава и стандардот кај нас. Покрај сета сиромаштија, невработеност, социјални случаи, без големи инвестиции, мито, корупција, непотизам, треба сега пари да се трошат пак за избори. А цените растата од ден на ден, платите се најмали во регионот а за Европа и да не зборуваме, ние пак си дизволуваме луксус да се троши за избори. Македонија после изборните кругови, сѐ е поизвесно дека поново ќе се најде на раскрсница по кој пат да тргне. И така, се вртиме во разни кругови, доаѓаме на разни раскрници, но на многу граѓани раскрсницата им е јасна, а таа е пасош в раце и гранични премин Табановце, па во трети земји. Уморни се веќе од многу ветувања, убедувања,репресии, изборни кругови, квадрати и триаголници. Сакаат подобар живот кој е достоен за човек. Ми се чини дека нашата држава е вреќа во која има многу рогови, па секој дува во својот рог, или како вели стара поговорка: Мала бара, а многу крокодили.


Автор: м-р Мухамед Шемоски