Пишува: Д-р Шемоски: Геноцид во Сребреница, негирање е соучесништво

Човекот како најсовршено битие на Земјата како  Sui generis створено од Сворителот, покрај сите привилегии кои му ги подарил Сворителот има и свои одговорности. Од милијарди светови во космосот, Земјата е еден како најситен дел од тие светови, во тој најситен простор човекот е едно од најситните делови на тој најмал свет, па можеме да си замислиме колку е мал во однос на сите милијарди светови. Така мал и неприметлив во однос на големината и пространоста на Земјата, човекот е почастен да биде намесник, управител (халифа) на таа Земја. Од толку голема чест и предност кој ги има човекот во однос на другите створениа, човекот со своите постапки и дејствувања може да падне во најниските светови, односно да биде и на понизок степен од животните. Сворителот го сворел човекот, потоа човечкиот род го поделил на различити народи и јазици, да комуницираат, да се спознаваат, да учат едни од други тоа што е добро и тоа што вреди. Наместо така, луѓето едни другите ги надвалдуваат, освојуваат, обесправуваат и на крајот ги убиваат затоа што во некои сегменти од животот се поинакви од другите, поинаква вера, култура, традициа, обичај и сл. Поинаквата култура, вера и традиција не го прави човекот да небиде човек, да сакал Сворителот би ги направел сите да бидат во една вера, различитоста е Негова одлука. Затоа човекот без оглед на разликте и понатаму има право на живот, затоа што правото на живот е на врвот на скалата од вредностите и правата кој човекот ги ужива и по Аллаховите (Господовите) и по човечките закони. Право на живот е недоприливо право.

Покрај сите напредувања на човекот, покрај сите модерни конвенции  за човекови права, во таканараченеиот најразивен дел од светот, на самиот крај од ХХ век, пред очите на сите заговорници на човековите права, пред очите на модерниот, цивилизациски и напреден свет се почини Геноцид на еден народ на тлото од таа модерна и напредна Европа, Геноцид кој има свои починители. Погрешно е да се употребува терминот „ се случи“, може да се случи сообраќајна несреќа, поплава, пожар или нешто случајно, а Геноцидот во Сребреница не се случи, не е случаен, туку е систематски припремен и се изврши од сторители односно починители. Геноцид по меѓународните права подразбира и конкретна намера (mens rea) да се уништи една група биолошки na најекстремниот – најдрастичен по интензитет, често најбрутален во однос на методите и најкатастрофалниот во однос на последиците – форма на верска,расна или друга дискриминација.  Покрај биолошкото искоренување на групните жртви, се бришат и препознатливи траги од нејзината материјална и духовна култура (kulturocid), т.е. нејзиното целосно биоантрополошко и социоантрополошко битие биде уништено. Баш тоа се направи во Сребреница. Плански, систематски и организирано уништување, раселување и бришење на сите трагови од еден народ, со однпаред ископани масовни јами кои по Геноцидот ке бидат сместени жртвите, односно масовни гробници, а причината е само затоа што се Бошњаци и припѓаат на друга религија од злобниците. ( Ова го потврди и Меѓународниот суд во Хаг).

Ах, тој модерен и напреден свет…. Ги прекри очите и ги затна ушите, да се не види и да се не слушни крикот, плачот и извикот на беспомошните деца, жени, мажи, стари… Во масовните горбници беа најдени и детски куклички, децата со се своите играчки беа убиени на најсуров начин и закопани. Исто така, од пронајдените во масовните гробници беа и делови од скелетот, односно коски од рацете врзани со жица…Сѐ е документирано, докажано, потврдено… Сите тие жртви имале свои приказни, свои планови, свои соништа, но злочинците им ги убиле. Секој нишан (надгробна плоча) во Меморијалниот центар во Поточари- Сребреница има посебна приказна. Кога ќе се дојде тука, настапува молк, тишина, како да времето застанува, како да слушаш повик за помош, како да ја слушаш нивната болка, како да ја слушаш нивната не кажана приказна.

Каде се злобниците !? Еден од нив е со понизно и сиромашно однесување, со лажни заби и растреперени раце, во затвор тој е обична сенка на надуениот маж во униформа од 1990-тите. Но, неговото (дури и) задоцнето осудување е важна победа за меѓународното право. Во време кога е можно систематски да се прогонуваат цели народи пред очите на целиот свет, без разлика дали се тоа Ујгурите во Кина, Тигрите во Етиопија, Рохинџите во Мјанмар или некои  во Сирија и Ирак, со пресудите за Геноцидот во Сребреница барем делумно прават задоволство дека злосторствата не можат да останат неказнети.

Многу луѓе, политичари, функционери не зборуват за Геноцидот, молчат, не сакаат да ги налутат новите политички пријатели од идеолошките наследници на Младиќ. Главните „херои“ од војните во Југославија денес се или мртви или во затвор. Но, идеологијата што ги извади на површина со распадот на Југославија сè уште постои. За Сребреница молчат, а негираат Геноцид  само криминалци, кукавици и нелуѓе. Тие всушност зборуваат лош јазик и зли намери. Тие се прават слепи, пред слеп не се става препрека. Општествената наука која се занимава со овие концепти е интердисциплинарна и вклучува знаења од областите на психологијата, социологијата, антропологијата, политичките науки, историјата и сродните истражувачки полиња. Замислете тогаш колку е тешко за едно дете да разбере зошто некој некому го одзел животот само затоа што има друго име или затоа што има различни верувања.

Затоа секој човек без обзира во што верува, не смее да молчи за Сребреница, ако е човек не смее да го минимизира Геноцидот или да го негира, негирањето е оправдување и соучесништво, или си човек или не си, изборот е твој.

Никогаш не сме да се заборави, и никогаш и никаде да се понови Сребреница.

Академик д-р Мухамед Шемоски / Dubai – Portal