Врз основа на претходно изработен предлог проект, започнаа активностите за уредување на централното подрачје на населба Октиси.
Станува збор за проект – решение врз основа кое се предвидува пазарот на населбата да се премести во непосредна близина на паркот, истиот претходно ќе се уреди, притоа и изгради соодветен бетонски потпорен зид, на северната страна, на кој истовремено ќе биде поставена и соодветна заштитна ограда.
Ново уредениот простор предвидено е да биде поплочен со бекатонки, и поставен соодветен број на тоалети.
Со преместување на пазарот кој се оддржува секој вторник, ќе се олесни протокот на луѓе и материјални добра, бидејќи ќе добие соодветен простор.
Во слободните денови ( не пазарен ден ) истиот ќе може да се користи и за паркинг на автомобили, како и дел за спортска рекреација за најмладите деца до 10 години.
Си пазарот предвидено е да стопанисува ЈП Октиси, а џамијата која е сопственик на имотот, во својот фонд ќе добива соодветен месечен надоместок, стои во краткото известување доставено до редакцијата на Дубаи Портал.









