Хамас хакирал мобилни телефони на ’илјада’ израелски војници

0
121

Групата Хамас успеа да ги хакира мобилните телефони на „илјадници“ израелски војници, изјави во неделата портпаролот на израелската војска, истакнувајќи дека тоа не резултирало со безбедносни закани.

Со тоа, палестинското движење сакаше да собере разузнавачки информации, изјавил полковникот Џонатан Конрикус.

Израелската војска заедно со безбедносната агенција Шин Бет го стопираа обидот на Хамас, откако војниците објавија сомнителни обиди за нивно стапување во контакт на социјалните медиуми.

Се покажало дека младите, атрактивни жени кои бараат контакт со нив биле измислени, открил Конрикус.

Од војниците беше побарано да преземат апликации што ќе им овозможат да споделат кратко време фотографија, а потоа да исчезнат по 30 секунди. Апликациите инсталирале малициозен софтвер во нивните телефони.

Тоа беше трет ваков обид на Хамас во последните три и пол години. Од нивниот последен обид во јули 2018 година, тие станаа пософистицирани.

„Тие секако учат и ја подобруваат својата игра“, вели израелскиот полковник.

За да се додаде автентичноста на нивните лажни карактери и да се објасни нивното непознавање на хебрејската граматика, членовите на Хамас им кажале на војниците дека жените биле еврејски имигранти.

Конрикус заклучи дека нема посериозен безбедносен ризик, пренесува Ал Џезира.