До 15 часот гласале 30, 34 проценти од граѓаните

0
111

До 15 часот од обработените 95, 67 проценти, гласале 30,34 проценти од гласачите во вториот круг на претседателските избори, соопшти на својата трета прес конференција Државната изборна комисија. Најголема излезеност  има во Македонски Брод, Крива Паланка и Демир Капија, а најмала во Желино , Боговиње и Центар Жупа.

На овие избори право на глас имаат 1.808.131 гласачи. Портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска соопшти дека гласањето десга секаде се одвива мирно, непрекинато и без неправилности. Следната прес конференција на ДИК е во 17.30 часот, со податоци за излезноста до 17 часот.

Извор:НоваТВ