Портпаролката на американскиот Стејт департмент, Морган Ортагус, не даде одредена изјава во врска со погодувањето на зградата во која се наоѓаше и канцеларијата на Anadolu Agency во Газа, од страна на израелската војска, додека изнесе реакција против лансирањето ракети од Газа во Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
Ортагус во нејзиниот одговор за прашањето на новинарот на АА не се осврна на нападот врз канцеларијата на АА, меѓутоа, нагласи дека му даваат целосна поддршка на правото на Израел за самоодбрана.
„САД го осудуваат интензивното ракетно лансирање од Газа кое продолжува врз невините цивили и заедници во Израел од страна на Хамас и палестинскиот Исламски џихад. Упатуваме апел до сторителите на насилството веднаш да ја запрат оваа агресија“, истакна Ортагус.
„Ние сме покрај Израел и целосно го поддржуваме неговото право на самоодбрана против овие грозоморни напади“, додаде таа.











