Phil Butler: Пентагон и официјално Русија ја прогласи за “непријател“

0
267

Американската надворешна политика се повеќе и повеќе наликува на фудбалски натпревар на НФЛ лигата или преносот на Супер Боул. Оние од вас кои прават гримаса при помислата на поранешниот претседател Барак Обама, треба да се каже дека сегашниот претседател е уште полош. Работата е сериозна, првенствено поради американската воена моќ и алчноста, пишува Фил Батлер за New Eastern Outlook.

Кога го прочитав насловот “авиони Ф-22 одбиле 587 непријателски авиони и се вратија од првиот борбен бран над Сирија”, статија објавена во Insider, веднаш ги проверив најновите вести дека Сирија можеби не исчезнала во Втората светска војна. Фала му на Бога и на сите среќни ѕвезди, ние не сме во војна со Русија, Иран и Сирија, иако Џеф Безос и компаниите што ја водат американската нација ги прогласија за наши “непријатели”, пишува Фил Батлер.

Кога ја читате спометата статијата, повеќето нема да ви веруваат во она што го пишува говорот. Неверојатно, ама Безос ја објави оваа “лажна вест” повикувајќи се на Пентагон, каде што авторот Алекс Локи дрско објавува отворена војна. Да, сфативте, Трамп и Пентагон отворено ја класифицираа Русија како “непријател”.

Во извештајот на службата за дистрибуција на визуелни информации на Пентагон (DVIDS) стои: “94. Експедитивниот борбен корпус ги заштити коалициските сили што дејствуваа во Сирија, спроведувајќи одбранбени мисии против непријателски авиони. Тие, исто така, полетаа длабоко на територијата на Сирија, соочувајќи се со непријателски борци и ракетни системи копно-воздух, бидејќи Соединетите Држави и коалициските сили започнаа намерни напади како одговор на незаконското користење на сириското хемиско оружје “.

Во известувањето јасно се користи зборот “непријател”, а по дефиницијата на речникот објавен од Кембриџ “непријател е лице кое мрази или се спротивставува на друго лице и се обидува да го повреди или спречи да направи нешто”. Терминот исто така може да се користи и за означување на “земја или вооружени сили на земја која е во војна со друга земја”.

И тоа нè доведува до критична точка, причина за неверување во реториката на Пентагон. Прогласувајќи ги Русија, Иран и Сирија за наши “непријатели”, ние всушност објавивме војна на сите овие три нации. Од друга страна, Владимир Путин во Русија сé уште не ги прогласи Американците за “непријател”. Директно го цитирам рускиот претседател: “Погрешно е било кого да се претвора во непријател и погрешно е да ги плашиш своите од својата земја со тој непријател и на оваа основа да се обидете да соберете некои сојузници”, продолжува Батлер.

И Путин и Русија се претставени како “агресори” во речиси секој геополитички случај.putin assad sojgu

“За момент забораваме дека САД и нашите сојузници од Блискиот Исток создадоа ИСИЛ. Ние, исто така, треба да заборавиме дека коалиционите воздушни сили беа покриени од “умерени” милитанти испратени за борба против Асад. За да го разбереме ставот на Пентагон, мораме да го игнорираме фактот дека руските сили беа бомбардирани од страна на ИСИЛ, а не коалиција. Прости ми за сарказам, но Русија беше сојузник на Америка во уништувањето на “исламската држава”, која не беше американски непријател “, продолжува Фил Батлер.

Сега се враќам кај добро познатиот DVIDS, кој го крие очигледниот милитаризм со “стратешко” размислување, учење и информирање. Ако самите во интернет пребарувачите го внесете терминот “Путин”, ќе го добиете вистинскиот политички процес кој го сака Американската “Deep State”..

Само погледнете една страница од насловот на статиите на Мајкл Гиолот, уредник на весникот Quarterly Journal of Strategic Studies и “мисијата” станува повеќе од јасна.

На кратко, создадени се  “воени наставници” за американските воздухопловни сили. Читателот не мора да гледа премногу од нивните видеа за да дознае колку катастрофално стана американски воено-индустриски комплекс. Воздухопловниот универзитет е една од многуте институции кои имаат една намера, а тоа е да се подмачкаат  идеолошките тркала на американската воена машина. Замислете стотици такви психопати да пишуваат правила, пописи, стратегии и да да се играат под маса со Локхид Мартин, Боинг, Рејтеон и други.

DVIDS, исто така, работи и во телевизиската област каде што воен канал се емитува преку FireTV, Chromecast или Rockwell. Канал шири милитаризам 24 часа на ден, но читателот треба да посвети посебно внимание на нагласување на FireTV и Chromecast.

Џеф Безос, чијшто “Вашингтон пост” спаѓа на најлошата пропаганда во Америка, главен коментатор е за секој пат кога Здружението на воздухопловни сили одржува конференција.

“Извршниот директор на Амазон, Џеф Безос, е најновиот член кој се приклучи на Советодавниот одбор за одбранбени иновации, иницијатива на Пентагон, предводена од поранешниот извршен директор на Google, Ерик Шмит, за да ги доведе најголемите умови на Силиконската долина на американската војска”, потврдува Бизнис инсајдер, пишувајќи за Безос, Гугл и Пентагон.

F-22ФОТО: Ф-22

Во последниве години, гледајќи американски политичари, се потсетив на она што рече еден од основачите на Америка, претседателот Џејмс Медисон, рече: “Ако тиранија и угнетување дојде во оваа земја, тоа ќе биде под маската на борба со странски непријател”.

Тука лежи целиот проблем и сета опасност. Во нашата земја, воената индустрија целосно се одметна. Текстот споменат погоре веднаш вметнува клин меѓу целите на администрацијата на Путин и, она што тој вели се, “народни” и национални интереси. Слушајте вакви литании и за две минути ќе разберете во каква криза сме денес.

Запрашан што мисли за руските национални интереси, д-р. Марк Ј. Конринино вели: “На самиот почеток, би рекол дека постои разлика меѓу она што рускиот народ може да го види како свои национални интереси а што режимот ги смета за национални интереси”.

Тој продолжува, тврдејќи дека интересите на Путин се само негово лично преживување. Но, човекот е идиот, жал ми е што така морам да кажам. За мене, веројатно и за вас, дека тие лудаци луѓе дури и не можат да го препознаат своето лицемерие, тоа е смешно и тажно. Овој “професор” се обидува да го спореди севернокорејското и иранското раководство со Русија. Се чини дека добива бонус на платата, само со таа идеја да ги спружи главите на акдетите на американското воено воздухопловство,  а потоа да ги испратат до поширока мрежа на слуги. Кога бев во морнарицата, овој кловн би бил главен кандидат за забава со ќебе. Но, тој е само симптом, објаснува Батлер.

Во поголемите медиуми како Insider и другите на кои заработува Безос, овие луѓе се најсмртоносните пропагандни алатки што некогаш ги видело човештвото. Засилено со дигитален пејзаж, оваа изобилство на информациски канали под контрола се многу малку. Безос, момци на Google и корпоративните или државни субјекти го измиваат мозокот на ниво без преседан. Точно е да се каже дека овие елити целосно ја презедоа нашата влада. Оние на кои не може да имсе испере мозокот минимализирани се или купени, а сите други се терористи или учесници.internet

Проблем за Безос, технократите, големите финансиери и другите од овој “ред” е јадрото на кое тие се принудени да го користат. Наративно, емисиите кои ги објавува DefenseEffect, глупави како овој професор, завршуваат со кристално јасни американски “интереси” како хегемони, а Русија е виновна заради мултиполарниот свет и затоа што не постои униполарен кој би го предводиле Bezos & Co.

“Сигурно дека некои питомци на воздухопловната академијата слушале дека Русија е лоша бидејќи Путин не го сака НАТО во Украина. Русија е лоша бидејќи Путин и другите лидери не сакаат да се покорат и да ги бакнуваат задниците на некои американски автократи. Русија е лоша, спрема Пентагон и Трамп, бидејќи ни треба голем и ужасен непријател за да ја исплаши јавноста, бидејќи Пентагон без тоа не може да преживее. Ама, ајде да почекаме. Преживувањето е лична грижа на Владимир Путин. Да не заборавиме како поучува д-р. Conversino “, објаснува американскиот политички аналитичар и експерт за Источна Европа.

“Реков дека нешто нема да ви се допадне. Да, она што следува кога елитата целосно ќе ја преземе контролата. Мислете ли дека Џеф Безос или Бил Гејтс се големи пастири? Кога ќе ја преземат целосната контрола на Западот, дали мислите дека тие ќе делуваат како благи проповедници во неделното училиште, нежно охрабрувајќи ве да плаќате се што треба за да бидете слободни? Јас не мислам така. Исто така можете да го одберете Владимир Путин како ваш добар пастир, барем да не го проповеда новиот свет под Русија “, заклучи Фил Батлер.

Извор:Isinsider / NEO / DVIDS