Словенечката полиција утринава приведила две лица заради кривично дело обид за насилна промена на уставниот поредок на земјата. Меѓу уапсените е и основачот на “Штајерске страже” Андреј Шишко од Марибор, поранешен лидер на навивачите на мариборските “Виола”, кој е претставен како екстремен десен политичар.
Се работи за реакција на неодамнешната акција на паравоени формации под команда на Шишко.
Основачот на “Штајерске страже” Андреј Шишко од Марибор, кој се претставува и како “штаерски домољуб”, изјави дека повеќето полициски службеници ја симпатизираат неговата иницијатива за формирање локални парамилитарни формиции, кои, меѓу другото, како што наведува, би ги заштититувале границите од мигранти .
Се чини дека Словенечката полиција неговата вооружена десничарска паравоена формација не ја гледала со силни симпатии бидејќи Шишко утрово бил уапсен.
Имено, Министерството за внатрешни работи објави дека две лица се уапсени, а меѓу нив, според судот, е Андреј Шишко.
Полицијата објави дека во акцијата се пребарува низ куќа по налог издаден од страна на обвинителството во Марибор.










