НЕ МОЖЕ ДА ЗАМИСЛИ ПОИНАКУ ! Американскиот амбасадор во Израел верува дека Голан вечно ќе биде Израелски

0
498
Израел го освои поголемиот дел од стратешкиот Голан во војната во 1967 година и го анектираше во 1981 година, нешто што меѓународната заедница никогаш не го призна.
“Искрено не можам да замислам ситуација во која Голанската висорамнина нема да биде дел од Израел за сета вечност”, изјавил Фридман во интервју за израелскиот весник Izrael Hajom (Израел денес), додавајќи: “Не можам да замислам решение во кое Голан ќе биде вратен во Сирија “.
Тој спомена можни територијални отстапки кои, како што рече, ќе го доведат Израел во подредена безбедносна ситуација, оценувајќи дека сирискиот претседател Башар ал Асад најмалку заслужува таков “подарок”.
Фридман очекува продолжување на статус кво и не ја исклучува можноста дека еден ден администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Голан како израелска територија. “Тоа навистина може да се случи”, изјавил амбасадорот.
За време на посетата на Израел во август, американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон, изјавил дека таквото признавање во овој момент не е релевантно. Израел и Сирија, во која се води крвав меѓународен конфликт од 2011 година, технички и понатаму се во воена состојба.