мадаја
Во светот неодамна беа пуштени страшни слики на жртви од опасадата на градот Мадаја, кој се наоѓа во близина на главниот град Дамаск, а долг период се наоѓа под опасада од страна на силите лојални на сирискиот претседател Башар Ал Асад. На сликите можеа да се видат потресни сцени на изгладнети деца, испиени лица и изобличени тела, како резултат на повеќемесечното изгладнување во текот на блокадата. Се наведува дека само во овој град од глад умреле десетици луѓе во многу релативен краток период, а уште поголем број се наоѓаат во критична состојба. Во градот Мадаја според проценките во овој момент се наоѓаат околу 40 илјади жители, повеќето припадници на сунитската деноминација.
Градот се најде под опсада на силите лојални на сирискиот режим, вклучувајќи го и Хезболах, во текот на минатото лето, во време кога сириската војска лансирала голема офанзива чија цел била повторно воспоставување на контрола над областите на границата со Либан. Од моментот кога режимските сили ја наметнаа блокадата на Мадаја, жителите на овој град биле соочени со големи страдања. После кратко време сите залихи на храна биле потрошени, а жителите на Мадаја морале да прибегнуваат кон различни методи за пронаоѓање на храна како би преживеале. Цената на храната која можела да се најде на црниот пазар втроглаво пораснале, а оние кои немале доволно пари за да купат биле принудени да преживуваат јадејќи го дури и она што не било замисливо да се јаде пред војната.Иако ова го посматраме од перспектива на хуманата страна и сцена во Мадаја, сепак како  врв во сето ова може да се стави нечовечноста и окрутноста, во општ контекст на крвавата сириска граѓанска војна тие се крајно вообичаена глетка.. Она што сега е важно да се разбере е причината за олку големото медиумско внимание посветено исклучиво на само еден случај на воена трагедија и позадината на режимската опсада на Мадаја.

Од самиот почеток на војната во Сирија, контролата на снабдувањето на цивилното население со основните животни намирници представувавала еден од главните начини за остварување на победа. Ова гнасна метода без разлика ја користеле и двете судрени страни во војната, и режимот и опозицијата. Сириската влада на почетокот на војната имала поголема можност за користење на ова воена стратегија, бидејќи државата во тоа време сеуште поседувала контрола над поголемиот дел од сириската територија, а опозицијата не била доволно организирана за да спроведе вакво нешто во џеповите на териториите кои ги зазела.

За да го пригуши востанието-побуната во оние делови на Сирија кои биле најмногу приконети кон сириската опозиција, режимот на почетокот на судирите често блокирал поедини квартови во предградието на Дамаск, прекинувајќи го снабдувањето со струја, гас, и храна. Целта на ваквата наизглед контрапродуктивна стратегија била јасна. Да се поврати контролата над изгубените области со минимални губитоци на човештво низ исцрпување на населенето и предизвикување на што поголема трагедија и потешкотии за нив, после што тој ист народ би се покренал против бунтовниците кои тоа го “предизвикале“.

Иако морално неоправдана, стратегијата на блокирање на цели населби во повеќе случаеви дала позитивни резултати. Па дури и масовните медиуми кои непријателски расположени спрема режимот на Асад признале во многу репортажи дека во некои квартови на Дамаск и неговите предградија самите граѓани ги терале припадниците нив  ги бранеле, плашејќи се дека  повторно че бидат изложен и на нова блокада од страна на режимот.

Со консолидацијата на територијалните бази разни бунтовнички групи во Сирија, се појавиле и можности  и опозицијата да го искористи блокирањето  и изгладнувањето на режимските упоришта како би оствариле победа без голем број на жртви. После низата од голем број на победи во провинцијата Идлиб, целата област се нашла под контрола на разни воени групации, што за последица го имало  целосното одделување на шиитската енклава Fu’ah и Kafriya од остатокот на Асадовата Сирија. Сепак, за разлика од опозицијата, сирискиот режим балгодарение на својата авијација успевал да ги снабдува овие градови со најосновни залихи и да спречи појава на масовна глад слична како онаа во Мадаја.

Како што веќе изгледа судбината на шиитските енклави во Идлиб и сунитска Мадаја се повеќе се преплеткувала, иако наведените заедници се оддалечени стотина километри една од друга. Причина за ова биле задкулисните преговори кои биле водени помеѓу представниците на сириската влада и опозицијата и кои требале да овозможат истовремено влегување на хуманитарни организации и масовна медиумска кампања која се развила во текот на последните неколку недели заради страотните слики кои доаѓале од Мадаја.

Како и во текот на целата сириска граѓанска војна, медиумската кампања првенствено била концентрирана на страдањата предизвикани од страна на сирискиот режим, додека во целост биле игнорирани случаевите во кои цивилите кои биле под контрола на владата на Башар ал-Асад и кои се наѓале под опасада, како и во повеќето наведени примери на шиитските населби во Идлиб и градот Deir-ez-Zor кој бил опкружен со силите на Исламската Држава. За жал, како и во другите случаеви во ова војна, нечии страдања се искористени во пропагандни цели, а можеби и за предизвикување на поголеми судири во Сирија.

Помошта на опколените градови била организирана во три одвоени конвои, а нивното движење строго било кординирано како би се обезбедило истовремено влегување во загрозените населби. Според нивните информации кои пристигнуваат од Сирија, првите конвои успеале во исто време да влезат во градовите под опсада и притоа испорачаат потребните количини на храна на загрозеното  население. Првиот конвој пристигнал уште во понеделникот, додека другиот пристигнал во четвртокот, а се очекува дека третиот конвој ќе стигне во недела.

Додека ова хуманитарна помош засигурно барем за кратко време ќе го олесни страдањето на населението кое се наоѓа под опсада, не постојат никакви индикации дека и режимот и опозицијата ќе се откажат од својата стратегија на блокирање на непријателските населби со значителен број на цивилно население, па макар и тоа да подразбира и предизвикува неизмерни маки врз сопствениот народ. Мадаја, а и блискиот град Забадани се од исклучително големо стратешко значење за Хезболах, бидејќи представуваат важни позиции за контрола на сириската граница со Либан и спречување на инфилтрација на милитанти во Либан. Бидејќи Хезболах ја сочинува клучната компонента на про-режимските сили во овој дел на Сирија, за очекување е дека опсадата на Мадаја нема да биде завршена се до конечното паѓање на овој град и ставање под контрола на целиот пограничен појас.

Она што е како пример на Мадаја и градовите Fu’ah и Kafriya јасно ја покажуваат целосната морална деградација на сите судрени струи во сириската граѓанска војна. Иако масовните медиуми во голема мера повеќе се занимавале со судбината на Мадаја. Од друга страна опозицијата  не покажала поголема хуманост на териториите на кои ги консолидирала својата власт спрема изолираните упоришта на силите лојални на Башар ал-Асад. Иако приврзаниците на едната и другата страна од судирот сигурно ќе најдат прикладни оправдувања за постапките на своите “фаворити“ во ова крвавава војна, а сликите кои доаѓаат од Мадаја јасно зборуваат дека во сириските судири никој нема право да тврди дека ги застапува интересите и добробид-та на обичните сириски граѓани. Тоа било многу јасно и многу од порано, ама сега со сигурност може да се потврди дека завојуваните фракции во овој момент не представува никого освен ограничените верски, секташки, геополитички и финансиски интереси, а дека обичните Сиријци во ова војна не се ништо друго, туку колатерална штета на одмерувањето на силите на двете регионални суперсили , Иран и Саудиска Арабија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here