арамко

Aramco или со полн наслов Нафтена Компанија на Саудиска Арабија, ја претставува најголемата државна саудиска нафтена и гасна компанија. Често се нарекува и како најтајновита нафтена компанија на светот. По што уште е позната Aramco?. По фактот дека нејзината вредност се проценува на повеќе билиони американски долари, а според некои проценки и до 10 билиони, што значи дека Aramco представува највредна компанија на светот.

Колку за пример и споредба американската Apple Inc во своите најдобри моменти вредела околу 765 милијарди долари, што е за 10 пати помалку од Aramco. Понатаму, американскиот нафтен гигант Exxon вреди за 20 пати помалку од саудискиот колосален Aramco.

Значи ја имаме најголемата компанија ан светот, компанија која е толку вредна, и која на сите од Америка, Русија па се до Кина им става до знаење како треба да се однесуваат во близина на нејзините сопственици, а сопственик е само едно семејство, семејство кое воедно ја поседува и целата земја- се разбира зборуваме за семејството Сауд, без дилема едно од најмоќните семејства на светот.

На ова семејство, кое и повеќе не е свесно со што сё располага, многу тешко му паѓа кога нешто во регионот , кој го смета за свој простор на своето влијание , кога нешто не се одвива онака како што планирале. Моментално доста од тоа се одвива контра нивните желби, вклучувајќи го и развојот на ситуацијата во Сирија, Ирак, Јемен и Иран.

Ситуацијата не е добра ни за моќниот Aramco кој пумпа нафта како можеби никогаш досега додека цената, благодарение на нејзе и понатаму стрмоглаво паѓа ( овие денови се појавија и аналитичари кои шпекулираат дека цената на еден барел би можело да падне и до 10 долари)

Меѓутоа, кога зборуваме за Aramco, тогаш треба да споменеме дека на почетокот на ова година се појави голема вест – вест за можна продажба на овој гигант. Доколку тоа се случи, без и какво двоумеење, тоа би било продажба на векот. Што всушност знаеме за тоа?

На.4.јануари можноста од продажба ја најави во разговор за весникот The Economist, младиот саудиски министер за одбрана Мухаммад бин Салман. Инаку станува збор за човек за кој сё повеќе извори тврдат дека станува главен актер во надворешната политика на Саудиска Арабија. човек кој од сенка управува со кралството додека, кралот сё повеќе само ја посматра ситуацијата.

Мухаммад бин Салман

Сё во сё, Мухаммад бин Салман во разговор за The Economist рекол дека Саудиска Арабија ја разгледува можноста од продажба на акции во компанијата. Исто така истакнато е дека тој личн е “ентузијастичен“ по прашањето на ова идеја.

Не треба посебно ниту да се истакнува каква хистерија би настанала на пазарот кога и официјално би дошло до ваква одлука. Саудискиот Aramco има најголеми докажани залихи на нафта на светот,-повеќе од 260 милијарди барели нафта. Исто така има најголема дневна произведувачка на светот. Aramco е компанија која управува со сите енергетски ресурси на просторот на Саудиска Арабија. Aramco е најголема нафтена и гасна компанија на светот. Со други зборови, кога во геополитичките теми ја наведуваме ’моќ-та на Саудиска Арабија’, тогаш недвојбено мислиме  токму на Aramco. Таква моќ е тешко и да се замисли, ама сепак со сигурност може да се каже дека таа секако се прелева од економска и на политичка и глобална политика.

Како што се тврди во извештајот на весникот The Economist,самото споменување на можната продажба на Aramco односно потенцијално влегување на компанијата на берзата ќе биде најголемо “изненадувачко откритие досега што се случило“. Секако тоа би било историско ИПО ( Иницијална јавна понуда).

-Иницијална јавна понуда ( анг.initial public offering – IPO ) т.е прва јавна понуда на акции на некое приватно претпријатие. Со други зборови, ова е трансформација од приватна компанија во јавна компанија. Од ИПО понатаму со акциите на компанијате ќе можат да тргуваат сите. Првата понуда се вика ИПО, а за излегување на берзата има свои предности и мани. Со “Излегувањето“ компанијата мора за себе да ги објави  своите податоци ( кои инвеститорите сакаат да ги знаат) а кои компанијата која и понатаму е во приватна сопственост може да ги задржи за себе. Обично се смета и потенцира на сите големи, поготово транснационалните компании, воедно и јавни компании со чии акции се тргува на берзата.Ама тоа  секогаш не е така – имаме бројни примери на големи компании кои и понатаму се приватни ( како на пример IKEA).

Зошто компаниите излегуваат на јавниот пазар? Како прво тука се парите, потенцијално многу пари. Како второ, на јавните компании им се отвараат многу други бројни врати, особено финансиските врати. Бидејќи за нив се знае многу особено  се додека не станат јавни, со самото тоа, колку за пример можат да добијат подобри услови за кредитирање.

Во тој случај што би се понудило за купување? Некои извори истакнуваат дека прво би се тргнало со понудата на петрохемиската инфраструктура на Aramco, подоцна би можеле да се понудат и акции заснивани на самата компанија која се занимава со нафта.

Принцот Мухаммад истакнува дека таквото сценарио би му помогнало на саудиската берза, која дури минатата година е отворена за странците. Исто така се наведува дека таквата работата на компанијата би ја направило по транспарантна, и од тука би можело да се “сузбие корупцијата, доколку ја има“.

Тој веќе преговара за тоа со други високи функционери, или со други важни членови на семејството Сауд. Веројатно прво би се ишло на продажба на помал дел, можеби околу 5%. Се разбира, нема шанси дека Саудиска Арабија ќе го даде управувачкиот дел  во компанија.

Меѓутоа, за многумината инвеститори акциите на Aramco колку и да се мали, би претставувале итекако могу барана роба, па дури и со денешните ниски цени на нафтата. Ниту една земја на светот, освен Кувајт, не е во состојба да произведува нафта по толку ниска цена и понатаму да профитира како Саудиска Арабија, од тука не треба посебно ни да се споменува колку би вределе особено овие акции, и колку тие би биле вредни.

Во секој случај ова е идеален момент да се осврнеме на историјата и како воопшто настанал Aramco. Американскиот автор и економист Даниел Јергин во својата книга запишал: “ Кога во 40-те и 50-те години американски конзорциум регрутирал млади Саудијци тоа била неизвесна  унија на бедуински Арапи и тексашки нафташи, сојуз на исламската автократија и модерниот американски капитализам“.

Со други зборови, Aramco го оснивале  Американци. Под американска соптвеност Aramco работел доста позитивни работи за населението на Саудиска Арабија – градел школи, ја истребувал маларијата и колерата, помогнал во станувањето на бизнисмени и др.. Се во сё, Aramco била популарна компанија кај локалното население.

Почетокот на Aramco може да се пронајде во времето на нафтените кризи за време и после Првата светска војна. Имено, на американските компании тогаш не им било дозволено, од страна на Британија и Франција, да оперираат на просторот на тогашна Месопотамија ( на основа договорот од Сан Ремо од 1920 ), па својата среќа ја побарале малку појужно.

Француџите и британците поприлично се зафркнале бидејќи Американците на просторот на Саудиска Арабија пронашле многу повеќе нафта отколку на просторот на Месопотамија (денешен Ирак).“ Количината на нафта овде е неверојатна. Ги тријам очите и неможам да верувам“, запишал еден американски нафташ од тоа време.

Тогаш настанува Aramco 1933,го оснива американската компанија Standard Oil of California  (денешен американски гигант Chevron). Десет години подоцна станува најважна компанија на светот бидејќи тогаш го откриваат и Ghawar – гигантско нафтено поле, најголемо на светот.

Се разбира, Американците започнаа да заработуваат многу пари, а тоа на Саудијците никако не им се допаднало, и во 1950 година Саудискиот крал Абдулазиз им се заканил на Американците дека ќе го национализира Арамко доколку не му дадат 50% од профитот, што тоа американците и му го дале. Понатаму седиштетот на компанијата од Њјујорк префлено е во Дахран.

Меѓутоа, кога САД застана на страната на Израел во Јомкипурската војна во 1973 година. Саудиска Арабија откупила  ( односно зела, бидејќи никого не го прашала  дали е на продажба )  25% од акциите на Aramco. На Американците тоа никако не им се допаднало, ама со оглед на комплексната ситуација на Блискиот исток, Студената војна  и фактот дека во тоа време сите арапски земји биле гневни заради американската подршка на Израел во војната против арапската коалиција (Египет, Сирија, Ирак), САД не можеле многу да направат- Aramco им се лизнал од рацете.

Саудиските власти забележале дека САД не направиле ништо кога им зеле 25% од акциите на Aramco па веќе во наредната година, 1974 својот удел го зголемиле на 60%, Американците не биле во состојба да направат ништо од тоа, шест години подоцна, доаѓа до голем шок за Вашингтон  во 1980 година Саудиска Арабија ги зема сите 100% осносно спроведува целосна  национализација на  најголемата и најмоќна компанија на светот.

Од тогаш компанијата се раководи во строга тајност. Информациите за нафтените резерви, според зборовите на еден стручњак за ова темае  “феноменално строго сочувана тајна“, истото важи и за извештаите за приходите. Познато е дека денес многу работи се наоѓаат во сопственост на Aramco, тргнувајќи од стадиони па се до приватни млазни авиони.

Зошто тогаш да се продава, па дури и дел, од овој гигант кој е есенцијален за опсатанокот на династијата ал-Сауд? Постојат разни теории, меѓутоа доста од тоа зависи од радикалните идеи на 30-годишниот министер за одбрана Мухаммад кои некои го гледаат како реформатор, други како опасен актер кој би можел да го запали целиот Блиски исток ( ниската цена на нафатата денес моментално е резултат на неговите заслуги, тој инсистирал на максимилизација на производството настојувајќи со тоа да ги ослабне саудиските непријатели и ривали).

Некои сметаат дека ова стратегија има смисла и дека Саудиска Арабија сака да ги уновчи своите акции на овој гигант пред да тргне големиот процес на “одолговлекување“. Имено, алтернативни извори на енергија како на пример соларната и енерегијата од ветерниците представуваат сериозна закана за фосилните горива, особено во периодот кој штотуку доаѓа.

Денационализацијата на големите нафтени компании денес е тренд во светот. Мексико ја отвара  својата нафтена компанија за прв пат после 1938 година. Бразилската корпорација Петробрас сигирно ќе тргне по тој пат. Изгледа дека на глобалната сцена се слулува нешто што што е посилно и од Саудискиот Aramco и тие сега со тоа сакаат на тој начин сакаат штетата по нив да биде минимална.

Се разбира, се не е во економијата, доста од тоа е и во геополитиката. Имено, со овој чекор Саудијците би можеле да му нанесат голем удар на Иран односно на Иранската нафтена индустрија бидејќи интересот на инвеститорите би бил поголем за јавната саудиска понуда, а шанските дека Иран ќе им понуди акции од својата Национална Иранска Нафтена Компанија се многу мали бидејќи и вредноста на тие акции, после многуте тешки години на економски санкции, би била мала отколку што може да биде.

Се во сё ,ИПО-то на Aramco, ако се случи, ќе биде голема вест, меѓутоа зад него нема да застанува многу од тоа, како што стои и зад историјата на ова тајновита компанија која со својата голема моќ влијае на целиот свет.

Izvori/reference:

Sale of the century?
http://www.economist.com/news/briefing/21685475-possible-ipo-saudi-aramco-could-mark-end-post-war-oil-order-sale

Saudi Aramco IPO More About Geopolitics Than Finance
http://oilprice.com/Energy/Crude-Oil/Saudi-Aramco-IPO-More-About-Geopolitics-Than-Finance.html

The young Saudi royal at the heart of the Middle East’s great power struggle
https://www.washingtonpost.com/news/worldviews/wp/2016/01/13/the-young-saudi-royal-at-the-heart-of-the-middle-easts-great-power-struggle/

In Saudi Aramco IPO Talk, Some See Age of Oil Coming to End
http://www.bloomberg.com/news/articles/2016-01-15/in-saudi-aramco-ipo-talk-some-see-age-of-oil-coming-to-an-end

Could Saudi Aramco Be Worth 20 Times Exxon?
http://www.wsj.com/articles/saudi-aramco-confirms-ipo-study-1452254819

Aramco – History
http://www.saudiaramco.com/en/home/about/history.html

Aramco – 75 facts
http://archive.aramcoworld.com/issue/200803/flash/75-facts/print.htm

10 events in oil’s history that shook the world
http://www.arabianoilandgas.com/article-5817-10-events-in-oils-history-that-shook-the-world/7/

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here