
Кога во Русија во периодот помеѓу 2011 и 2013 година периодично избувнуваа. примарно во Москва, релативно анти-владини, односно анти-Путин, протести, американската страна не пропуштила да се ангажира онолку колку што реално можела, а тоа вклучувало отворена подршка за анти-владините протести како и интензивно дејствување на невладините организации кои на овој или оној начин, често се врани со амриканската подршка.
Jay Carney, секретар на Обама во Белата куќа, тогаш истакнал дека анти-владините протести во Русија се “позитивен знак“ за демократијата во таа земја. Изгледало дека тогашп САД ги подржувал сите оние кои на било кој начин го подигнале гласот против Владимир Путин.
Москва очекувано, била гневна и тврдела дека Вашингтон настојува да исплете така наречена портокалова револуција во нивната куќа. Меѓутоа освен гневните реакции тие не можеле ништо да направат. Се разбира, можеле протестантите да ги растераат на сила, а со нив и сите неподобни невладини организации да ги исфрлат од земјата. Нешто од тоа направија, ама не тргнаа предалеку. Зошто? Делумно заради тоа што од нив и се оечкувало да реагираат жестоко и брутално, а тоа сигурно на Путин би му ја осигурало судбината како на Јанукович.
Руското водство сепак одлучило за подолга тактика на чекање протестите да “спласнат“ и тоа им успеа. Се разбира, не е можно да се тврди дека руската власт во сё е чиста, како она формалната, така и онаа од зад сенката. Не е тајна дека опозициските лидери исчезнуваат и тоа веројатно се пораки дека власта може да биде итекако опасна, ако сака, ама нема својот потенцијал за бруталност да го користи на начин тоа подоцна да ги чини прескапо.
Меѓутоа, постои уште една причина заради која Русија мора да биде внимателна, особено кога во прогон против нив тргнуваат про-западните организации. Таа причина е економијата. Како економијата? Едноставно, ако Русија и поматаму сака бизнис врски со Западот тогаш ќе мора барем делумно да игра според правилата на Западот. Зошто? Заради тоа што Западниот капитал тоа го очекува, тоа на некој начин му е безбедност дека нивните вложувања нема да пропаднат, или уште полошо, да завршат како национализирани од страна на државата во која вложуваат.
Некои ќе речат дека тоа нема премногу смисла бидејќи Западот одлично работи со режимите кои немаат ни демократија, а камо ли простор за про-Западни не-владини организации. Да, тоа е точно, ама да се запрашаме како Западот работи со овие-вакви земји? Тој со нив работи на начин што од тие земји купува ресурси, било нафта, гас или нешто трето, ама останатите економски гранки не се добро развиени. Од истите режими ( одличен пример е Саудиска Арабија) своите пари пак повроно ги добиваат назад со продавање на огромни количини на оружје.
Русија не сака да биде само извосник на нафта, а Западното оружје очигледно не и треба. Русија сака да спроведе што поголема диверсификација на својата економија бидејќи тоа им е единствен спас во овие хаотични времиња кога според некои цената на нафтата би можела да падне и до 10 долари по барел.
Заради тоа ќе мора да ги истрпи постојаните Западни обиди за вплеткување во нејзините внатрешни политички прашања. Се разбира, мешањето во овој случај е крајно едноставно и се сведува на обидите за уривање на Путин од власт. Западот би бил пресречен ако Путин падне и притоа воопшто и не размислувајќи за тоа дека на негово место би можел да дојде некој уште далеку понезгоден за Западот отколку што моментално сега е Владимир Путин, кој и понатаму ја подава раката за партнерство.
Меѓутоа, со оглед на тоа што ситуацијата е таква каква што е, Русија би морала да ги научи новите начини на преживување, а еден од тие е адекватната медиумска војна, бидејќи примарните напади врз Русија доаѓаат до медиумската сфера. САД, на разни начини, контролира огромен број на медиуми, па речиси и медиумите од цела Европа. Русија пак ги има екстремно помалку, во стварност само еден ударнички, руски РТ ( поранешна Russia Today), ама тој руски РТ може да се “тепа“ и со СНН и со ББС.
До која мерка Русија веќе стана медиумски предизвикувач најдобро покажува и нивната најнова репортажа. Имено, РТ вчера ја објави ексклузивната репортажа од американската сојузна држава Орегон, од просторот на федералниот парк на природата кај градот Барнс кого под контрола го држат Аммон Банди и неговите милитанти, за ова поопширно пишувавме во (НЕДЕЛНА АНАЛИЗА: Што се случува во Орегон? Домашен тероризам во САД и толерирање на истиот: Вооружени екстремисти заземаат федерална зграда и закануваат на американската влада.)
ВИДЕО: РТ репортажа со Банди во Орегон
Ова сеуште не е никаков еквивалент на Викторија Нуланд со колачињата во центарот на Кијев, ама секако е показател како Русија ги изучила методите во кои САД досага беше значително јак. Дали наскоро некој руски дипломат, да речеме Сергеј Лавров, ќе се појави со “легитимни демонстранти“ во Орегон давајќи им отворена подршка? Не, сеуште не, ама тргнува кон тоа, со други зборови, Рузија се учи на сопствените удари и сега е подготвена да возврати на ист начин.
Кога избувна Occupy Wall Street 2011. година, Русија сеуште не била подготвена, а и односите помеѓу Москва и Вашонгтон сеуште не беа до оваа мера нарушени. Меѓутоа, сега Русија сстанува и придвиќува како опасен ривал на САД. Имено, САД до сега можел да ги заташкува сите внатрепни проблеми бидејќи имаат целосна потполна медиумска контрола. Доволен е само некој настан доволно да се држи долго во медиумски мрак и тој ќе исчезне. Меѓутоа, руските камери веќе се на американските улици и создаваат голема главоболка на американските власти. Тоа неодамна можевме да го видиме на улиците на Балтимор, Сент Луис и Фергусон каде избувнаа краткотрајни црнечки побуни, камерите на РТ биле на “првата линија“ и емитуваа во ссветот сё она што се случуваше, вклучувајќи ја и бруталноста на американската полиција.
Ама, акруелната репортажа од Орегон можеби сега е уште поголема незгодна работа за САД бидејжи самата ситуација е целосно незгодна. Американските власти немаа решение за ситуацијата во Орегон, а Банди – лидерот на побуната се однесува крајно лабаво, како што покажа, во останатото и фактот да даде големо интервју за руска телевизија.
Самата репортажа на Банди го прикажа како позитивец, иако во стварност се работи за радикален актер каков руските власти не би толерирале. Заради тоа овде лабаво се однесуваат и Банди и РТ, ама кој може да ги ибвинува овие другите? Нема сомневање дека едвај дочекале ваква можност, па макар и да возвратат и удар.
Новинарката на РТ, Симеоне Дел Росарио добила ексклузивно интервју сои Банди кој исто така ја одвел во посета на целиот комплекс кој тој и неговите вооружени сили веќе 10 дена држат под своја контрола.
Руската државна телевизија на Банди му даде можност на глас, а тој раскажал се што можел да се каже. Како власта е лоша, како тој и другите останати ранчери се потчинети, како народот има уставно право наотпор против “тиранијата“ итд. Со други зборови, РТ му даде можност да ги изнесе своите десничарски ставови и пропаганда и истата да допре до големиот број на луѓе. ( сё поголем број на Американци, особено конзервативцие, ја следат руската РТ која многу често се совпаѓа со нивните ставови)
Банди јавно зборувал дека законите не вредат, дека не се уставни и како заради тоа тој и неговите истомисленици имаат право да ја земаат работата во свиоја рака, со оружје. Што доколку истотот го каже некој ранчер од Кавказ или да речеме од Крим? Тоа не би поминало во Русија. Меѓутоа искрено не би поминало ниту во САД доколку се побунеа муслимани или црнци – Банди е типичен представник на американската вела рирална класа и заради тоа властите спрема него не би се одбнесувале со толкаво внимание.
Меѓутоа, без оглед на тоа што може да се каже дека РТ заради тоа оперира лицемерно, исто така може да се каже дека “учеле од најдобрите“. Медиумските војни се интересни, а сега се водат на најголем глобален степен и можеме да очекуваме дека истите ќе станат се поинтензивни. Репортажата на РТ од Орегон нема да помине зеабележана и сигурно на некои во Вашингтон толку им смета што веднаш би забраниле емитување на РТ. Можат да пробаат, ама тогаш би биле исти уривачки актери за кои ги обвинуваат Русите и другите. Заради тоа, ќе мора да се воздржат, како што и Рѕусија ќе мора да се воздржи кога тие и работат за нејзината глава.
Сё во сё за жотелите на светот ова не е лошо сценарио. Глобалната медиумска демократија е нешто што недостигало со години и децении, а сега благодарение на РТ, таа забрзано се развива.
dubai-portal.com.mk









