Хрватските граѓани се‘ поотворено искажуваат т.н. југоносталгија. Во нејзиниот корен не е желбата за враќање на соборената комунистичка идеологија, туку егзистенцијалната неизвесност и галопирачката сиромаштија.
Иако тематизирањето на добрите страни на пропаднатата Југославија се табузира во јавниот дискуср во Хрватска, а југоносталгичари е етикета која политичката десница во најлутите судири им ја лепи на соперниците, граѓаните се‘ порадо се присетуваат на животот пред Татковинската војна.Тоа го покажува и истражувањето на порталот MojeVrijeme.hr, кое го пренесоа речиси сите медиуми напросторите на бивша Југославија. Според него, дури 86 проценти од граѓаните постари од 45 години мислат дека некогаш подобро се живеело. Значи, се работи за оние кои имаат вистинско искуство во животот во бившата држава, но притоа не треба да се запостави ни човечката склоност кон романтичарско согледување на сопствената младост.
„Тие луѓе во 1991 година, кога се одржуваше референдумот за отцепување на Хрватска од Југославија, имаа поинаква претстава за демократијата. Верувам дека е тоа последица на разочарувањето од моментната ситуација“, објаснува за Дојче веле новинарката Мелиса Скендер, која неодамна за потребите на телевизиската серија Црно-бел светги истражуваше новинарските архиви од 80-те години на минатиот век.
Мораат ли сите да ја разбираат политиката?
Првпат е јасно речено-74 проценти од испитаниците од групата на возраст над 45 години, под одредени услови, би се согласиле на враќање во енопартиски систем, популарно наречен едноумие. Тоа не го чуди книќевникот Перо Квесиќ: Кога ќе се рече еднопартиски систем, тоа е нешто загадено, се одбива безразмислување. Верувам дека луѓето изјавата ја дале повеќе од носталгија, а искуството е на второ место. Виделе дека во тој системможе удобно да се живее“. Квесиќ ги истакнува предностите на еднопартсикиот систем, истакнувајќи дека тој едноставно е поевтин.
„Друга работа е што еднопартсикиот систем не значи и една политичка опција. При крајот на партијата која владееше овде 45 гопдини, сериозно се размислуваше за озаконување на постоењето фракции во партијата“. Освен тоа Квесиќ за високиот процент имаи друго обраложение: „Еден делод луѓето едноставно не ги интерсира политика. Ним треба да им се организира добар живот, а не некој да ги тера на нешто за што немаат афинитети, можности и знаење. Зошто да бидат форсирани? Тоа е еден вид демократско насилство. Не пшледирам за еднопартиски систем, туку да не се одбива како и страшило, зашто страшилото има корисна функција“.
Некогаш работници, денес копачи по контејнерите
Додека трае бурната расправа за 80-те години, граѓаните истакнуваат оти во однос на општетсвените вредности, како економската сигурност, јавното здравство и солидарноста, се направени чекори наназад. Новинарката Скендер пак причината ја гледа во младоста на хрватската демократија, но и во пазарната економија, па дури и кон неприлагоденоста на образовниот систем на новата реланост. „Се најдовме во нов систем со стар начин на размислување.Мајка ми е работничка која во едне момент станала самохранамајка. Во сегашните околности, таа веројатно би барала храна по контејнерите. Во бившата држава добила работно место, заработила за пензија, добила стан под кирија. Постеоеја станбени фондови, каси за заемна помош, државата ги терала луѓето да штедат и се грижела за нив. Сега државата го губи компасот. Премногу е присутна каде не треба.“ Таа лично не би сакала еднопартиски систем, но радо сегашниот би го натерала да функционира на подобар начин. При истражувањето и‘ паднала в очи улогата на медиумите.
„Според мојот впечток, медиумите тогаш биле многу попаметни, во нив биле поприсутни интелектуалците. Имало паметни текстови коиденес би се сметале за досадни. Сигурно постоелережимски медиуми,но мислам оти новинарот имал поголем углед во јавноста и поголема одговорност согласно на тој углед. Денес постојат куп медиуми, но содрќински се исти“, вели Скендер, што го потврдува и Квесиќ. Токму тој уредувалтакви „контра“ медиуми. „Контрола на комитетот“ имаше одвреме навреме, од страв некој текст да не предизвика тревога. Главниот уредник би отишол на консултации. Но, по нив не мораше да ги послуша сугестиите, а постоеше можност и на сносење на последиците ако не послуша. Всушнсот, можеше да се објавува се‘, но со наоѓање начин и лукавост како тоа да се изведе и пласира. Се разбира, дел ’свети теми‘ беа недопирливи, на пример: не го гибај Тито! Но, ние сепак понешто протнувавме на негова сметка, само што тоа неодеше на насловна страница, туку во некој текст“, се присетува Квесиќ, додавајќи оти новинарството веќе не е угледна професија, најмногу поради невозможните услови за работа во кои новинарите не можат квалитетно да работат. „Денес медиумите се првенствено во служба на капиталот, освен ретките кои се дотирани. Тие се во службана системот кој е посилна категорија од политиката“, вели Квесиќ.
Потрошувачко општество и враќање во пештера
А денешната слободана говор во голема мерка се сведува на тоа новнарот да може отворено да ги критикува владејачките политичари, а граѓанинот да може неказнето да опцуе преку социјалните мрежи. „Не знам деали е тоа сон на секој Хрват“, вели Скендер низ насмевка и тврдење дека гласачите, „овци“, како што ги нарекува, ни порано а ни сега немаат влијание врз она што го работи државата и колку е корисна. Сепак, таа смета оти Југославија со „елегантниот диктатор Тито“ била посуверена отколку Хрватска денес.
Противните на изнесените тези како противаргумети ги изнесуваат податоците за повремениот недостиг на бензин, кафе, па дури и неможноста да се купи квалитетен џинс во Југославија, но и технолошкиот напредок во вид на мобилни телефони и подобри автомобили кои се возат денес, како да се работи за вистинско мерило за задоволство на нацијата. Притоа често се изоставаат вистинскитемани на бившиот систем, како вербалниот деликт, забраната за јавни настапи, политички затвори и прогони. „Ми се чини оти потрошувачкото општество нанекој начин не‘ врати во пештера, зашто сега вреди законот на посилниот, на поголем автомобил и појак мобилентелефон. Се сеќавам на еден архитект од Берлин, кој не вози автомобил. Не му требал и не научил ни да вози. Овде работеше на скапи проекти и не се гледаше радо на тоа што доаѓаше со велосипед на состаноци. Тогаш купи скап автомобил, па жена му го возеше или доаѓаше на работа со такси, чисто поради впечаток. Некога во училиште сите носевме школска униформа зада не с праватразлики“, објаснува Скендер.
Социјализам со хумано лице?
Книжевникот Квесиќ истакнува-кога се говори за комплексот југоносталгија, се наведува оти етоа психолошко чувство од една страна, а од друга- историја за којане знаеме доволно. Зашто, комплексна Југославија во секоај деценија била поинаква држава, а не било сеедно и дали се живее во Словенија или на Косово. „Ако те праша некој каде би сакал да живееш во ератана античка Грција, што би одговорил? Сигурно не во Спарта, туку во Атина, под претопставка дека не си роб, туку слободен човек. Ако по 100 години прашате просечен човек каде би сакал да живее ако морада се врати на крајот на 20 век, сепак би ја одбрал Југославија. Далеку од тоа дека таа беше најуредена и најбогата држава, но можеби беше најхумана. Имаше куп лоши работи и бев поголемкритичар од сите кои сега викаат дека ровареле против системот. НО, постоешеперспектива, системот се развиваше на подобро и постоеше надеж да им биде подобро барем на идните генерации, децата. Денес ја загубивме таа перспектива“, заклучува Квесиќ.
Izvor:dw










