Црвениот крст на РМ Општинска организација Струга се вклучи во хуманитарната активност по повод објавувањето на книгата “Кардиологијата и спортот“. од страна на д-р Лилјана Лазароска и д-р Оливер Бојчески. 
Авторските средства како и средствата од продажбата на книгата целосно беа наменети за лекување на три деца.
На две од децата мецинскиот преглед (контрола) требаше да се направи во Белград. Меѓутоа професорот д-р Владислав Вукомановиќ како гостин на промоцијата на книгата, одлучи контролата на двете деца ја изврши во Струга, притоа и самиот откажувајќи се од хонорарот и од тука сите останатите средства се пренасочија во друга хуманитарна цел.
Авторите на книгата и на овој хуман гест изјавија дека: големината не е само да се напише книга за да послужи за научни цели, туку да се даде и хуманитарен дух на книгата. за да се почувствува во секој од нас, да ја намали родителската грижа како и да предизвикаме детска насмевка.
Од ова хуманост насочена кон друга хуманост тимот на докторите во соработка со Црвен крст на Струга одлучија средствата ги насочат за Специјалната паралелка во ООУ Браќа Миладиновци каде се одлучи на децата да им биде подарена спортска облека.
Во ова хуманост се вклучија и Мега Спорт- Струга и Етех-2009 Струга.
