Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман изјави дека неговата земја се движи кон договор за нормализирање на односите со Израел.
Бин Салман ги отфрли извештаите дека историскиот процес на воспоставување односи меѓу двете држави е закочен поради израелското противење да направи отстапки за Палестинците, велејќи дека преговорите се во тек.
– Се надеваме дека ќе дојдеме до момент кој ќе им го олесни животот на Палестинците и ќе му овозможи на Израел да биде актер на Блискиот Исток – изјави Бин Салман во интервју за „Фокс њуз“.
– Секој ден сме се поблиску до тоа – додал тој.
Ријад инсистира на тоа дека секој договор за воспоставување односи со Израел вклучува посилни напори за формирање палестинска држава, отстапки што Израел досега ги отфрли.