Извршниот директор на “Газпром”, Алексеј Милер, вчера изјавил дека компанијата добила дозвола за поставување  на друга цевка гасоводот “Турски тек“ до турското крајбрежје.

Со оглед на потребната документација, Милер истакнал дека почетокот на експлоатацијата на двете цевки се очекува до крајот на 2019 година.

“Реализацијата на проектот” Турски тек “се одвива во планираниот тек и план, и истовремено се реализира во три дела: на брегот на Русија и Турција, како и во Црното Море. На дното на морето веќе се поставени повеќе од 760 километри цевки … Изградбата на делницата на рускиот брег (во близината на црно морскиот град Анапа, оп. ГН.)се ближи кон крајот . Во Турција започнаа работите на изградбата на прифатен терминал“ изјавилч Алексеј Милер.

Лидерот на Газпром додал дека штотуку добиле дозвола да ја постави втората цевка во ексклузивната економска зона во турски територијални води. На овој начин, од турската страна се добиени сите потребни дозволи за поморскиот пат на гасоводот, рекол Милер.

Потсетуваме: На 17 јануари, Турција го објави почетокот на изградбата на прифатниот терминал за “Турскиот тек“. Компанијата South Stream Transport (оператор на морскиот дел од проектот, оп. Г.Н.) во средата извести за изградбата на терминалот, чии работи ги спроведува компанијата Petrofac.

Двете цевки на дното на морето ги поставува специјализиран брод  Pioneering Spirit на компанијата Allseas, а во просек дневно се поставуваат околу 4 километри цевки. До 4 јануари “Гаспром” постави над 700 километри цевки или околу 38% од морскиот дел од идниот гасовод. Поставувањето на првата цевка треба да заврши во март оваа година, а другата во текот на 2019 година. Двете цевки треба да одат на турското копно во близина на Кијкој, околу 100 километри западно од Истанбул, а вкупната должина на цевките долж Црното Море ќе биде 930 км.

Изградбата на втората фаза од гасоводот “Турски тек” кон Југоисточна Европа ќе се реализира само доколку тоа го побара ЕУ, неодамна изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Првите испораки на гас преку “Турскиот тек” треба да започнат во декември 2019 година, при што секоја цевка има капацитет од 15,75 милијарди м3 гас годишно. Вкупните трошоци на проектот се проценуваат на 7 милијарди евра.

Извор:Geopolitika

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here